„Со одвратната Марија Шерифовиќ не би пиел кафе“: Аца Лукас удри по „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Сериозна е работава...

Аца Лукас бурно реагираше на изјавата на својот колега Ѓорѓе Давид, кој во едно интервју му порача „дека не е добро да плука во изворот од кој некогаш пиеш вода“, мислејќи на неговите коментари упатени на сметка на стручното жири во „Ѕвездите на Гранд“.

„Не сум пиел никаква вода од ниеден извор и за тоа не сум пиел ни од таму. Јас со години седев во „Ѕвездите на Гранд“ за бадијала, мислејќи дека тоа треба да го направам како приајтел. Мислев дека и останатите работеле за бадијала, ама јас сум бил единствена будала. Ѓорѓе Давид е дупло пократко од мене во жири, така да верувам дека се уште не е влезен во приказната. Таму бев осум години, па не можев да сфатам какви измамници се тоа. Ќе му требаат уште две-три години за да сфати што се прави таму. Нема тој да знае што ми е мене. Јас сум за него вселенски брод. Тој е многу кратко таму за да „укапира“. Негово е да ќути и да слуша што зборувам или да се прави блесав и да не брани нешто што не знае. Тоа дека некогаш јас може да се вратам таму се само негови халуцинации“ – рекол Лукас за српски Курир и потоа зборувал и за Марија Шерифовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Каде да се вратам? Да се вратам и да седнам покрај одвратната Марија Шерифовиќ? Со неа во ист ресторан не би седнал да пијам кафе, а не пак во жири да седам, ниту со некој од нив таму. Кога би ги видел на другиот крај од ресторанот, веднаш би излегол надвор. Никогаш, благодарам“ – рекол Лукас.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.