Јелена Карлеуша денес ужива во луксуз, а во ова сопче живеше пред да стане позната (ФОТО)

Скромно и просечно

Фото: Дамир Дервишагиќ

Ѕирнете во моминската соба на популарната пејачка!

Атина и Ника, ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ имаат се’ што сакаат. Тие живеат во луксузна вила на Дедиње, а нивните успешни родители им овозможиле повеќе од безгрижно детство. И покрај ова, пејачката тврди дека девојчињата се скромни и не бараат многу.

Сепак, популарната Јеца порасна во многу поскромни услови. По разводот на своите родители, таа живееше со мајка си Дивна во скромен стан во близина на Фонтана во Нов Белград. Пејачката во една емисија во 1998 година покажа како изгледа нејзиниот животен простор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

Уредно, средено и топло. Мебелот и завесите во цветен дезен, ѕидовите украсени со слики, единственото нешто што го расипува впечатокот е погледот од прозорецот на околните згради. Но ЈК е многу горда на тој дел од својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

Фотографии од пејачката од нејзините рани дваесетти години се појавија и на профилот на страница која се занимава со познатите естрадни личности, на социјалната мрежа Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

Посебно внимание привлече заборавена фотографија на која Јелена е со кратка коса. Како што тврдат коментаторите, таа неодоливо потсетува на Светлана Ражнатовиќ.

Проценете дали е така…

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.