Северина осудена поради навредување на социјална работничка: Можна е казна затвор! (ФОТО)

Има право да се жали...

Поп-ѕвездата Северина денеска во судот во Загреб е прогласена за виновна и со тоа парично казнета поради навредување на социјални работници.

Како што неофицијално се дознава, Северина во одбраната ја отфрлила вината и има право на жалба. Во членот 17 по кој ја казниле Северина, јасно пишува:

„Кој навредува или омаволажува државните органи, односно службените лица за време на вршење или во врска со вршење на службата, ќе биде казнет со парична казна од 20 до 100 евра или казна затвор од 30 дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Инаку, Северина според обвинението ја навредувала социјалната работничка во „Центарот за социјална работа Максимир“ на денот на вљубените, 14 фебруари минатата година. Центарот за социјална работа поднел пријава за нарушување на редот и мирот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пејачката наводно ја прашала работничката „со кое право на адреса и испраќа друга социјална работничка да ја посети нејзината мајка“. Социјалната рабоничка во пријавата навела се обидел да објасни дека Центарот мора да постапи на секоја пријава во која има сомнение за насилство која е доставена од член на семејството. Социјалната работничка на судот навела во судот што и кажала Северина.

„Меѓутоа, неа не ја интересира што има да каже, туку продолжува: „Да ви ја е*ам мајката на сите, ова зае*ано, ме зае*вате веќе девет години и сега е доста“ – рекла социјалната работничка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.