Трендови во 2023: Вљубете се, кажете ДА!

Специјал за венчавки

Ако љубовта тропнала на вашата врата, тогаш сè што ви треба е планирање на венчавката. Веруваме дека некои од нашите предлози ќе ви помогнат во изборот.

Не може да се негира дека минатата година беше историска година за свадби. Се случи предвидениот свадбен бум и беа организирани милиони прослави низ светот. По две години редуцирани или одложени свадби, венчавките се вратија, но со изразен дух на персонализација и кршење на некогашните норми.

И во 2023 година паровите ќе продолжат да ги прават свадбите целосно свои што значи дека ќе има забележително оддалечување од „типичниот“ свадбен изглед и чувство. Невестите и младоженците ги преуредија „молекулите“ на некогашните свадби правејќи го денот на нивната свадба уникатен, но поради нивните лични обележја во церемонијата, кои го доближуваат искуството на тој ден до вредностите на двојката.

Сè почести се и помалите, интимни, „намерни“ свадби со нетрадиционални поставки и нетрадиционална облека. Општо земено, најизразен тренд во 2023, кој ве охрабруваме да го прифатите, е планирање свадба во која би уживале, пред сè, вие двајцата.

Мини-бидермаери

Според Pinterest Trends, се пребаруваат малите букети наместо дивите, обемни аранжмани што ги гледавме во изминатите години.

Овие шик аранжмани најчесто се составени од цветови, како крин, јоргован, астилба и лаванда.

И покрај тоа што овие мали бидермаери изгледаат елегантно, тие се исто така практични, а и не го одвлекуваат премногу вниманието од фустанот и другите детали околу кои сте се потрудиле.

Приватен последен танц

Свадбената двојка го зазема централно место за време на целата свадба, но во 2023 година, гостите ќе го напуштат подиумот за последната песна.

По неколкумесечно планирање, многу младенци се зачудени кога денот на нивната венчавка ќе помине.

За да ја прифатат магијата на оваа пресвртница, партнерите ги затвораат прославите со приватен танц. Така е, сите освен фотографот излегуваат од салата за да можете двајцата да размислувате за денот и/или да ги озборувате вашите семејства.

Како пијани од љубов – фотки

Матна свадбена фотографија, која ќе го долови вртоглавото блаженство што сте го почувствувале на големиот ден. Социјалните платформи веќе го менуваат совршенството за автентичноста (looking at you, BeReal), па можеме да очекуваме истото да се прикаже и на свадбената фотографија. Албумите ќе имаат уредувачки, документарен изглед и реално чувство.

Позирањето се напушта, а фокусот е на несовршеностите бидејќи и на младенците им е многу попријатно кога нема да бидат прекинувани во забавата за да се креираат совршени фотки. Само замислете си: искрена фотографија од вашата мајка како брка мало дете или природна фотографија од вашите пријатели како пијат виски во барот.

Лежерна коса

Младенците се откажуваат од премногу формални фризури и бараат повисока верзија на нивниот секојдневен стил и текстура на косата.

И зошто не би личеле на себеси и не би одбрале да се чувствувате удобно на денот на венчавката, поради што би одбрале елегантен блесок на косата, високо пони или нежни бранови, наместо фризура со стотици шнолички и екстензии за коса“.

Како луѓе кои се обиделе да ги вадат од сопствената или нечија коса во 2 часот по полноќ, со цело срце, го поддржуваме овој тренд.

Венчаници што се трансформираат

Фустан што може да се трансформира во повеќе различни изгледи или стилови, обично со додавање или отстранување слоеви, ракави или други елементи.

Ова значи дека можете да го менувате изгледот во текот на денот и вечерта, во зависност од вашето расположение и настаните што сте ги планирале.

Тие ви дозволуваат да добиете повеќе изгледи во еден фустан, што е совршено ако сакате да ги промените работите од венчавката подоцна на забавата.

Свршенички прстени и бурми

Новите трендови повторно ја истакнуваат индивидуалноста, односно единствено правило според кое ќе ги одбирате прстените е да биде според вашите желби, потреби и можности.

При изборот размислете што сакате вашиот прстен да каже за вас.

Дали ви се допаѓа блескаво злато, можеби и дијаманти?

Или претпочитате рустикален изглед?

Златните венчални прстени се класика со причина – тие се трајни, а наша препорака е „Адор голд“, бидејќи таму ќе пронајдете исклучително разновидни модели во многу стилови.

Избирајте помеѓу жолто, бело, розово, дури и црно злато или можеби црни дијаманти, како одраз на уникатност.

Ретро-инспирирани свадбени торти

Многу бои, многу текстури и многу необични вибрации! Торта инспирирана од стиловите и трендовите на одредена ера, како 1950-тите или 1960-тите. Тие често имаат забавни детали, па и смели бои, дезени и форми. Го сакаме овој тренд бидејќи додава навистина уникатен и креативен шарм на вашиот прием. Тоа е исто така забавен начин да му се оддаде почит на одредена ера или стил што ви се допаѓа!

Дигитално!

Паровите ги прескокнуваат традиционалните печатени покани и наместо тоа се одлучуваат да испраќаат дигитални.

Покрај дигитални дизајни на покани, двојките одбираат и персонализирани QR-кодови што гостите можат да ги скенираат за да добијат детали за свадбата и информации кои е потребно да ги искомуницираат.

Поинтимни церемонии

Сè почесто младенците одлучуваат самата церемонија да ја одржат во потесен круг на луѓе, а популарна одлука се и подалечни или скриени дестинации.

Ова ги исклучува стотиците гости и ја прави целата церемонија поприватна и магична. Иако не е секогаш лесно да се исклучат некои луѓе со цел списокот на гости да биде мал, но оваа одлука носи многу предности.

Во метежот и вревата на големиот ден, ќе имате повеќе време да поминете со гостите кои навистина многу ви значат.

Меден месец долго по свадбата

Во 2023 година сè помалку ќе се брза со патувањата за меден месец. Паровите одвојуваат време за да се декомпресираат по свадбата, особено затоа што добар дел од нив планираат поголеми, поамбициозни или подолги патувања и посета на далечни и егзотични дестинации.

Концептуално, маршрутите за меден месец, кои вклучуваат патување од една до друга дестинација, забележуваат пораст за да се искусат не една туку повеќе дестинации, култури и топографии на едно патување. Таков пример би можело да биде патување во Египет, Јордан и Турција во текот на три до четири недели. Нам ни се допаѓа овој тренд, не залудно ова патување се нарекува меден МЕСЕЦ!

Текст: Ј. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.