Се разведуваат Огнен Амиџиќ и Данијела Димитровска после 10 години брак!

Толку од љубовта...

Моделот Данијела Димитровска Амиџиќ и тв-водителот Огнен Амиџиќ одлучиле да се разведат после 10 години брак.

Тие двајца се обратија со заедничко соопштение, а понатаму изјави на оваа тема нема да даваат.

„Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разведеме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски однос поради нашиот син, а по овој повод нема повеќе да се огласуваме, ниту да даваме изјави. За нашиот развод не е виновна  трета личност, па поради тоа нема место за шпекулации. Се заблагодаруваме на сите медиуми за досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате нашата одлука да не зборуваме на оваа тема – навеле тие во соопштението.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.