Одберете фризура што подмладува: Фризерските експерти откриваат 2 клучни совети за жените во 40-тите години!

Фризерите знаат најдобро

Усвојте ги овие совети и заблескајте

Веројатно безброј пати сте слушнале критики на сметка на жените што носат одредена фризура или боја на коса, а која не е во склад со нивните години. Она што е суштински важност е приспособливоста.

Кога станува збор за косата, важно е да ја приспособите фризурата на енергијата и сензибилитетот, а и цртите на лицето исто така играат значајна улога.

Изборот на фризура може да направи да изгледате постаро и обратно.

Фризерката и експертка за боја Јулија Крац открива 2 клучни совети за жените постари од 40 години.

Пократко е подобро

Колку што сме постари толку косата ни станува поретка и потешка за одржување. Затоа, Јулија Крац не советува долга коса. Во зависност од текстурата, косата може да ви изгледа нездраво и прекршено, што ќе ве направи постари. Тоа исто така се однесува и на екстремните степенести фризури, кои ја проретчуваат косата и затоа треба да се одбегнуваат.

Кај седата коса, должините изгледаат многу занемарено.

„Структурата на седата коса е многу немирна, косата знае да стрчи како мали антени од главата“, објаснува професионалната фризерка.

Вистинскиот избор е кратка фризура. Кратката коса изгледа погусто, па затоа и поздраво. Тоа ќе ве направи далеку помлади. Дури и првите седи влакна изгледаат добро на кратка коса.

Посветли нијанси

Правилото е јасно: колку е што е бојата потемна, толку постаро ќе изгледате. Тоа е така затоа што контрастот со кожата се зголемува, а брчките стануваат поизразени. Уште еден недостаток е тоа што по само неколку недели, повторно може да се види долниот дел на косата со природната боја, поради што ќе морате постојано одново да ја бојосувате.

Јулија Крац препорачува да не ја бојосувате косата потемна од средно кафена боја. А има совет и за сите што сакаат да си ја носат својата седа коса и не сакаат да ја бојосуваат: УВ-зраците или никотинот можат да предизвикаат белата коса да добие непожелна жолта нијанса. Сјајот може да помогне против тоа.

Жените полудеа по оваа тренди фризура: Нема кој не ја проба
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.