Полицаец се преправил во кадифено мече за да ја зграпчи ОВАА ЖЕНА – Минувачите стаписани од глетката! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена!

Полицаец од Лима, главниот град на Перу, со денови се обидувал да фати сограѓанка за која се шпекулирало дека им продава дрога на младите. Бидејќи никогаш не ја фатил за време на продажбата, морал да прибегне кон итрина.

Имено, полицаецот во договор со претпоставените облекол костим на мечка и се преправал дека ѝ доставува цвеќе и чоколадо на жената осомничена дека продава дрога. Претходно, ја фотографирал жената како му дава бело пакетче на еден тинејџер. За тоа време, другите полицајци биле маскирани во работници во соседната зграда.

Полицијата соопшти дека пронашла и уапсила уште две жени кај кои биле пронајдени повеќе од 1.500 дози кокаин. Слично сценарио е користено од страна на националната полиција на Перу, Зелената ескадрила, во различни апсења во минатото. На пример, за време на Божиќ, полицаец облечен во костим на Дедо Мраз уапсил криминалци.

Перуанците некако успеваат да се справат со дилерите и нивните мулиња, но во соседен Еквадор ситуацијата е многу потешка. По серијата судири со локалните банди во јануари, поради кои претседателот на земјата прогласи тримесечна вонредна состојба, се чини дека Еквадорците ја вратија контролата врз земјата.

Погледнете детали во видеото подолу.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.