Еве што се случува кога повозрасна жена упорно се обидува да изгледа помладо: Имиџот на згодна девојка е далеку зад неа…

Сакала да си ја врати младоста

Даниела Вестбрук очајно се обидува да изгледа како некогаш…

Актерката Даниела Вестбрук излегла со пријателите и била фотографирана на улиците во Лондон. За оваа пригода, актерката се облекла во крем нијанси што ги дополнила со обувки со реси, шешир и марама.

Меѓутоа, на сите им паднало в очи лицето на Даниела кое добило прилично чудна форма. Со желба да се подмлади, актерката направила кардинална грешка и предизвикала контраефект.

Се чини дека Даниела се обидува да ги скрие трагите од консумирањето дрога со естетски операции. Имено, првпат пробала дрога кога имала само 14 години, а откако на 16 години добила улога во популарната ТВ-серија EastEnders, редовно одела во клубови и се опивала.

Шмркала кокаин поради што останала без носниот септум, кој целосно се распаднал од кокаинот.

„Земав дрога и додека бев бремена. Се породив на подот во бањата, а кога започнаа трудовите, шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала таа во едно интервју.

Даниела има 49 години, додека многумина коментираат дека изгледа многу постаро, па се чини дека нездравиот начин на живот оставил длабока трага на нејзиниот физички изглед. Меѓутоа, не можеме а да не забележиме дека актерката ја довела линијата до совршенство. Сепак, многумина ѝ замеруваат што по секоја цена се обидува да си го врати имиџот на атрактивна и млада жена.

Очајно се обидува да го врати имиџот на згодна девојка, но не може да ги скрие трагите од староста: Пропаднала прекуноќ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.