„Раните на лице се рани на душата:“ Ана Николиќ прозборе за раните и за тоа дали користи дрога! (ФОТО)

Прво јавно обраќање после скандалот...

Пејачката Ана Николиќ ја загрижи јавноста кога се појави нејзина снимка со ужасни рани на лицето.

Пејачката до сега немаше откриено од што настанале, но на видеото се жали дека и треба помош.

Поради целиот скандал, таа е главна тема во медиумите, а Николиќ сега се огласи на Инстаграм и се заблагодари на сите кои и пружале помош.

„Неизмерно благодарам на сите кои ми испратија толку многу поддршка. Јас не сум свесна колку ме сакате. Знаете дека не сум зборлеста за мојот приватен живот, што не значи дека не сум поминала низ олуја. Разни олуии, приватни. Не прифаќам улога на жртва и кога сум всушност тоа… Јас секогаш сум бирала да бидам победник. Но човекот ќе се измор и најјаките паѓаат. Не мислам дека тоа што те убива те зајакнува. Лузните на лицето се само мал показател за сите резови на душата“ – напишала Ана, а потоа ја отворила и темата дека користи дрога.

„Дегутантно и депласирано ми е темата „дрога“. Воопшто не сакам да ја коментирам. Прво, бидејќи никогаш тоа не било мој стил на живот, но последен пат ќе повторам. Никогаш не сум пробала ниту една опојна дрога. Овие лажни обвинувања, освен што ме деградираат како личност, како мајка и жена. Ме растажуваат, не сакам неправда и нема да дозволам некој да ме злоупотребува на таков срамотен начин и примитивен начин“ – напишала пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.