Почина славниот Жарко Лаушевиќ

Тажно

По тешката борба со сериозна болест, познатиот актер Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст. Веста за трагичната загуба ја потврди неговата сопруга.

Ја информираме јавноста дека денес, на 15.11.2023 година, на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана.

Актерот Жарко Лаушевиќ се стекна со голема слава во 1980-тите години по улогата на Милош Обелиќ во култниот филм „Битката на Косово“.

Во својата богата кариера одиграл многубројни улоги, на кои вечно ќе се сеќаваме.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.