Почина симпатичниот актер од серијата „Пријатели“ (ВИДЕО)

Тажно...

Мајк Хејгерти, познат на светската јавност по неговата епизодна улога во серијата „Пријатели“, почина денеска на 67-годишна возраст.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговата добра пријателка Бриџит Еверет со која глумеше во шоуто „Somebody Somewhere“.

„Со голема тага семејството на Мајкл Хагерти објави дека тој почина денеска во Лос Анџелес. Неговата љубов кон родното Чикаго и неговото семејство беа темелите на неговиот живот“ – се вели во соопштението.

Потсетуваме дека во популарната серија „Пријатели“ се појави во втората сезона во улогата на господин Тригер, задолжен за одржување на зградата во која живееја Моника, Рејчел, Џои и Чендлер.

Последен пат во оваа хит серија се појави во осмата сезона, кога ги насмеа сите со своите сцени во кои вежба танц со Џои.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bridget Everett (@bridgeteverett)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.