Овие навики се сосема нормални за жителите на Швајцарија, додека за нашиот народ се чудни и незамисливи!

Секојдневните навики на Швајцарците

Македонците не би можеле лесно да се навикнат на секојдневните животни навики на швајцарските жители

Постојат навики што се непознати и необични за другите луѓе, но за жителите на Швајцарија се сосема нормални.

1. Рециклираат сè што можат

Луѓето во Швајцарија се обидуваат да го рециклираат сето ѓубре: весници, лименки, стакло, па дури и искористена тоалетна хартија. Не е исклучок ниту храната, на која особено се внимава. На пример, додека ние старото масло обично го истураме во одвод, жителите на Швајцарија го пакуваат и го носат во приватен центар.

2. Користат јавен превоз

Во случај превозното средство да доцни еден час или повеќе, патникот има право на надомест на штета, која може да изнесува до 50 отсто од цената на картата. Ако патникот е принуден да бара преноќување поради доцнење на меѓуградски превоз, превозникот е должен да ги надомести трошоците за тоа. Плаќањето може да се избегне само ако автобусот или возот задоцнил поради елементарна непогода.

3. Претпочитаат кеш наместо картичка

И покрај високо развиениот банкарски систем во Швајцарија, нејзините жители ретко користат платежни картички и претпочитаат да плаќаат во готово. Дури и ако купуваат нешто големо, како автомобил, жителите прво подигнуваат пари од својата сметка, а таа навика се нарекува швајцарски култен феномен. Швајцарците веруваат дека присутноста на хартиени пари во паричникот дава чувство на реално поседување пари, што не може да се каже за картичките. Така полесно ги контролираат своите трошоци и помалку трошат.

4. Не им оставаат бакшиш на келнерите

Никој нема да ги осудува гостите во ресторан ако не му остават бакшиш на келнерот. Но ако гостинот, сепак, сака на посебен начин да ја изрази својата благодарност за добрата услуга, едноставно ќе ја заокружи сметката.

5. Гумите за џвакање не се добредојдени

Гласното џвакање гуми за џвакање особено им пречи на локалните жители, кои оваа навика ја сметаат за лошо однесување. На туристите им се препорачува да се изборат со искушението да извадат гума за џакање од џебот и да ја џвакаат на јавно место. Ако веќе имаат потреба, Швајцарците го прават тоа на мира во својот дом.

6. Не користат Вај-фај дома

Младите жители на Швајцарија денес одбираат неограничен мобилен Интернет. Ја одбираат тарифата што им одговара, а потоа, едноставно активираат хотспот на својот мобилен телефон за да ја користат мрежата додека работат на лаптоп или компјутер. Не им треба домашно Вај-фај, па така, наместо две сметки за Интернет, имаат една.

7. Ветерот е виновен за сè

„Фен“ е името на ветерот што понекогаш дува од Алпите. Швајцарците го обвинуваат овој ветер и го користат овој природен феномен за да ги објаснат своите главоболки, промени на расположението, па дури и сообраќајните несреќи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.