Го начекала гол во кревет со ќерка ѝ: Љубовната приказна на Миа Фароу и Вуди Ален добила бизарен епилог

Подоцна и се оженил со неа

„Беше срамежливо дете кога беа интимни во нашата куќа“

Актерката Миа Фароу била мајка на седум деца пред да го запознае Вуди Ален. Нејзиниот живот на личел на бајка, а потоа доживеала големо предавство и животен пекал. Ја дочекала староста тагувајќи за децата што трагично ги изгубила.

По неуспешните бракови и пропаднати љубови, Миа го запознала Вуди Ален, со кого започнала врска во 1979 година. За време на нивната врска, Миа играла дури во 13 негови филмови.

За време на врската со Вуди Ален, посвоила и девојче по име Дилан, а потоа во 1987 година, родила уште едно дете, синот Сачело. Таткото на детето бил Вуди Ален, кој му го дал името по неговиот омилен бејзбол-играч.

Миа не ни претпоставувала дека ќе доживее драма што ќе заврши на сите насловници на магазините. Во јануари 1992 година, Миа открила фотографии на кои Вуди и нивната посвоена ќерка Сун Ји се голи! Било очигледно дека режисерот е во врска со посвоената ќерка, што на актерката ѝ било доволна причина за да ја раскине врската со него.

Тој во 1997 година се оженил со 35 години помладата Корејка, која по скандалот со фотографиите, никогаш веќе не проговорила ни збор со својата мајка Миа Фароу.

„Никој не може да очекува вакво нешто од партнерот“

„Не можам да ја обвинам Сун-Ји за сè што се случило во нивната афера. Таа сè уште беше срамежливо дете и сето тоа се случуваше во нашата куќа. Тој мора да преземе целосна одговорност за тоа. Го поддржував нивното дружење од самиот почеток, но никогаш не можеш да очекуваш од својот партнер дека ќе спие со твојата ќерка зад твој грб“, раскажала Миа Фароу, сè уште вознемирена поради аферата стара 30 години.

Ален, очекувано, тврдел дека Миа го измислила сето тоа. Тој во едно интервју зборувал дека обвинувањата за сексуално злоупотребување не се засновани на вистински факти и навел дека таа ги измислила затоа што била лута поради раскинувањето на нивната долгогодишна љубовна врска.

„Тоа е апсурдно, но сепак остави голема дамка на мојата кариера. Никогаш не сум ја злоупотребувал Сун-Ји. Ништо од тоа што некогаш сум го направил не би можело да се протолкува на тој начин“, рекол Ален.

Судот на крајот го ослободил од обвинувањето за злоупотребувањето. Сун Ји Превин и посвоениот син Мозес Фароу го бранеле Ален од обвинувањето и ја напаѓале мајка им, додека Сун Ји рекла дека мајка ѝ со години ја злоупотребувала.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.