Финците никогаш не ги прават овие 3 работи: Затоа важат за најсреќниот народ во светот кој живее без притисоци

Идеална дестинација

Финска петти пат е прогласена за најсреќната земја на светот, а животот таму е како во рај

Спроведено е истражување во кое биле вклучени луѓе од 156 земји, а од нив било побарано да го оценат својот живот на скала од 1 до 10. Врз основа на резултатите, Финска петти пат се нашла на првата позиција за најсреќна земја на светот. А тајната се крие во тоа што Финците никогаш не ги прават следниве три работи!

Во анализата биле вклучени и фактори, како социјална поддршка, очекувања во животот, љубезност и отсуство на корупција.

3 работи што Финците никогаш не ги прават

1. Не се споредуваат со соседите

Особено ако станува збор за материјално богатство и покажување на тоа богатство.

„Еднаш се најдов во друштво на еден од најбогатите Финци. Го туркаше своето дете во количка кон трамвајската станица. Можеше да си купи каков автомобил сакаше, да плати возач, но не. Јавниот превоз е сосема прифатливо решение за него. Така изгледа успехот во Финска. Не се издвојувате и живеете како сиот нормален свет“, истакнал еден од жителите на Финска.

Кој е првиот чекор кон среќата?

Фокусирајте се повеќе на тоа што ве прави среќни, а помалку на тоа да им оставите впечаток на сите околу вас дека сте успешни. Првиот чекор кон среќата е да воспоставите свои сопствени стандарди наместо да ги споредувате вашите достигнувања со туѓите.

2. Не ја уништуваат природата

Според истражување од 2001 година, 87 отсто од Финците сметаат дека природата е исклучително важна, бидејќи им обезбедува мир, им помага да си ја вратат енергијата и ги опушта.

„Во Финска, вработените имаат четири недели летен одмор. Многу од нас го користат тоа време да одат на село и да се наполнат со енергијата што ја дава природата. Што помалку избор и опции, до таа мера што во куќата каде што престојуваме нема ни струја ни вода, тоа подобро“, додава друг жител на најсреќната земја на светот.

Времето поминато во природа ја зголемува вашата виталност и ви дава сила.

3. Не ја рушат довербата

Бројни научни истражувања покажале дека колку поголема доверба постои меѓу луѓето толку посреќни се.

Интересен експеримент

Се вика „изгубен паричник“ и бил спроведен во 2022 година за да се тестира чесноста на граѓаните. За таа цел, биле оставени 192 паричника на јавни места во 16 градови ширум светот. Во Хелсинки биле оставени 12, а биле вратени 11.

Финците едноставно си веруваат едни на други и многу ја ценат искреноста. Ако го заборавите лаптопот во библиотека или ви остане телефонот во јавен превоз, можете речиси да бидете сигурни дека ќе ги добиете назад.

Како да го започнете синџирот на доверба?

Малите гестови, како што е придржување врата на странец или отстапување на седиштето во јавен превоз, можат да направат голема разлика и да бидат одличен почеток на промените. Кога секој би тргнувал од себе, светот би бил многу поубав одошто е!

Погледнете каде е Македонија на листата на најсреќни луѓе во светот, убедливо прво место за жителите на Финска!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.