Панчо и Андреј од ДНК ги соопштија деталите за концертот: „Цената на влезниците е достапна за сите, а од државата добивме к****!“ (ФОТО)

Дознајте ги сите детали за конертот на ДНК

Полека се ближи денот до големиот концерт на едни од најпознатите музички имиња во нашата земја, популарното дуо ДНК. Концертот е закажан за на 3-ти декември во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а поводот  и тоа како е значаен – 20 години музичка кариера.

По тој повод денеска беше организирана и прес-конференција за медиумите на која Панчо, Андреј и нивниот тим ги кажаа деталите за концертот.

Тие најавија одличен коцнерт со неколку музички гости, меѓу кои: Тамара Тодевска, младиот Јанг Дади, Ена Цветковска и уште неколку други. На прашањето од новинарите, дали можеби на концертот ќе се појави и српската музичка ѕвезда Џенан Лончаревиќ, тие не сакаат да откријат.

„Да не откриваме пред време се. Бидете трпеливи и ќе дознаете“ – изјавија накусо Панчо и Андреј.

Она што беше истакнато на прес-конференцијата, е дека концертот ќе биде со хуманитарен карактер, па парични средства ќе се одвојат и за фондацијата „Марко Божиновски“.

Панчо беше прашан и за сумата на влезниците за концертот, со оглед на тоа дека тие решија да ги продаваат за многу ниска цена.

„Најевтината влезница ќе чини 350 денари. Ако одлучував само јас, цената ќе беше симболични 20 денари, но сепак тимот реши за оваа цена што е сега. Знаеме во какво време и каква криза живееме, сакаме сите што сакаат да имаат можност да купат влезница“ – изјави Панчо за медиумите.

На прашањето дали добиле некаква помош од државата и Министерството за култура по повод нивниот голем љубилеј, тој видно се вознемири и кратко одговори:

„Добивме, ку*ац“ – беше одговорот на Панчо, при што микрофонот му го даде на Андреј, кој кажа дека на министерството ќе им испратат гратис влезници за нивниот концерт.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.