Најмистериозниот син на Анџелина Џоли станал згоден фраер прекуноќ: Се појавил во јавност по конфликтот со Бред

Девојките полуделе по него

Синот на Анџелина, Пакс Тиен, пораснал во згоден младич и ѝ е најголема поддршка на мајка му за сè

Славната актерка и убавица Анџелина Џоли била уловена во друштво на синот Пакс Тиен, кој важи за најмистериозниот член на познатото семејство и ретко се појавува во јавност. Имено, тие го поминале попладнето заедно, прво биле на шопинг, а потоа отишле во ресторан на вечера.

По подолго време, папараците конечно го фотографирале Пакс, па можеме да видиме дека пораснал во вистински фраер! Меѓутоа, тој не сака да се експонира и ги одбегнува медиумите, а доказ за тоа е и фактот што не се појавил ни на сопствената матура, токму од стравот од медиумска помпа.

Конфликт со татко му

Како што пишуваа медиумите, Тиен не е во добри односи со Бред Пит поради брат му Медокс.

Џоли открила дека Бред се скарал со нивниот најстар син и тоа додека бил во алкохолизирана состојба. Тогаш, Пакс веднаш застанал во одбрана на својот брат, па односите со татко му се оладиле. Во целата ситуација била вклучена и полицијата и социјалната служба.

Меѓутоа, иако Пит демантирал дека дошло до конфликт, наводно, од тој момент ниту Медокс ниту Пакс немаат никаков контакт со него.

Од друга страна, Пакс е многу приврзан за мајка му, која му е сè во животот. Инаку, Тиен е посвоено дете. Роден е во 2003 година во Виетнам, како Пам Куанг Санг, а речиси ништо не се знае за неговите вистински родители. Актерите го посвоиле кога имал три години.

„На почетокот мислев дека нема да посвојам дете од Виетнам, бидејќи Медокс е од Камбоџа, а тие две земји имаат комплексна историја“, рекла Анџелина во една пригода, алудирајќи на воената ситуација.

Пакс тргнал по стапките на Анџелина и Бред, па веќе почнал да стекнува актерско искуство. Работел заедно со мајка му на проектите Maleficent и Kung Fu Panda 3. Освен тоа, заедно со брат му Медокс учествувал во создавањето на воениот филм на Анџелина, First They Killed My Father.

Најповлечениот син на Анџелина и Бред: За малку немале да го посвојат, а за сето тоа бил „виновен“ постариот син!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.