Нерални детали од свадбата на Анастасија и Немања: Сирење и шампанско пристигнува од Тоскана, а венчаницата се прави во Њујорк! (ФОТО)

Ќе биде весело!

Анастасија и Немања Гудељ пред Господ се венчале пред неколку месеци во Србија, односно во манастирот Рајиновац, а следат уште две прослави.

Тие прво свадба ќе прават во Шпанија за најблиските пријатели, а потоа ќе следи мегаломанска прослава во Белград.

„Кога одлучија да направат свадба, иако се венчаа тајно, знаеја дека проблем ќе биде организацијата, бидејќи имаат широк круг пријатели и роднини кои се насекаде низ светот. На крајот паднала одлука романтичната прослава да биде на некоја плажа во Шпанија, каде ќе присуствуваат најблиските членови на семејството, како и клубските играчи на Немања, а потоа свадба ќе има и во Белград. Свадбата во Шпанија треба да биде на крајот од годината, а во Белград следната“ – рекол извор близок на парот.

Една од венчаниците на Анастасија пристигнува од Њујорк.

„Додека Анастасија води сметка за венчаницата и фустаните кои би ги носела, Немања повеќе е задолжен за храната и пијалокот и сака да има посебно мени. Венчаницата на Анастасија ќе ја работи познат креатор од Њујорк и таа ќе оди таму на проба. Знам дека веќе добила нацрт и дека избрала матереријали. Се работи по нејзини мерки. Од друга страна, Немања барал сирењата да бидат од Шпанија и Италија, како и шампанско кое ќе стигне од Тоскана“ – објаснил соговорникот упатен во организацијата.

„Тука и Цеца ќе има свој допринес, како и семејствот она Гудељ. Неколку готвачи ќе прават специјално мени, а декораторите веќе прават нацрти како ќе изглед, а ќе има и помпезен огномент и торта на неколку ката. Анастасија сега е баш во хаос, бидејќи покрај тоа што се подготвува за свадбата, таа се занимава и со опремување на ентериерот на новата куќа, а се занимава и со декорациите и останатите ситници околу венчавката“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.