Како да одгледате огромна грмушка босилек: Градинар ја открил својата тајна!

Правилно одгледување

Време е за миризливи, зачински билки кои го лекуваат целото тело

За да добиете голема грмушка босилек, треба да го извлечете максимумот од растението, а тоа ќе го направите ако му обезбедите топлина, сончева светлина и многу влага.

Ако имате мала саксија во која одгледувате босилек, заборавете на голема жетва. На корените на босилекот им треба многу простор и земја за добро да се прошират. Затоа, обезбедете му голема саксија или ако сте во можност, насадете го во градина.

Ако го одгледувате од семе, обезбедете му многу топлина и сончева светлина. Босилекот го следи развојот и растот на доматот, а правилото за садење домат е да го садите во градина сѐ додека не е ладно кога ќе стапнете со нога на земја.

Дури кога земјата ќе биде доволно топла и нема да има опасност од мразови, посејте босилек или пресадете го во градината.

Босилекот сака вода, но не и бара. Па затоа, посадете го во добро дренирано тло и уживајте во широките листови на босилек.

Првите листови наберете ги кога билката ќе формира крошна, но не дозволувајте босилекот да процути. Штом почне да пушта пупки, нежно откинете ги со уште две-три ливчиња одоколу. Така ќе добиете грмушка босилек која ќе можете убаво да ја берете и да го правите омиленото песто!

8 начини да се ослободите од полжавите: Засекогаш исфрлете ги овие штетници од градината!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.