Најсреќна досега: Лила влезе во водите на реката Јордан, во која беше крстен Исус Христос! (ВИДЕО)

„Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог“ - напиша водителката...

За малку недостигало да падне…

Познатата водителка Лила Филиповска деновиве патува со Војажер туристик, од каде што на социјалните мрежи објави неколку снимки и фотографии од посетата на Јордан. Судејќи од приложеното, ова не била „обична“ посета…

Имено, Лила денеска сподели дека се крстила во светата река во која Јован Крстител го крстил Исус Христос.

Познатата водителка сподели неколку фотографии и видео од овој значаен момент за неа, а како опис го напиша следното:

Како вистинска христијанка и верник, денес ми се исполни една дамнешна желба… Крштевање во светите води на реката Јордан, местото каде што Јован Крстител го крстил Исус 🙏❤️ Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог 🙏. Да правиме добри дела и да шириме љубов – стои во нејзиниот опис.

Популарната водителка откри дека за малку и ќе паднела во водата.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите и видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.