Како навистина изгледал Исус Христос? Со векови го претставувале погрешно – новата теорија побива сè што сме знаеле досега!

Погледнете

Напредокот во форензиката конечно открива како изгледало најславното лице во човечката историја, лицето на Исус Христос

Бледо, тесно и симпатично лице со крупни очи, врамено во долга и брановидна кафена коса – тоа е сликата што луѓето си ја замислуваат кога ќе се спомене Исус Христос, но тоа е всушност последица на нечија уметничка визија.

Првиот приказ на Исус, кого христијанството го слави како син Божји, настанал во 4. век и тоа било исклучиво визија на уметник, бидејќи во ниту едно од евангелијата не се споменува како изгледал Исус.

Никаде не се споменува ниту неговата коса ниту брадата. Сепак, потребата да му се додаде и лице на неговото свето име, отсекогаш била многу голема кај христијаните, а на општоприфатената слика за Исус најмногу влијаеле сликарите од Европа, кои живееле во периодот на средниот век и ренесансата. Тие го прикажувале Исус како згоден, висок, со светол тен и најчесто сини очи.

Без опис, тело и ДНК

Дополнителен проблем е и тоа што нема ниту скелет ниту други телесни остатоци за да се испита неговата ДНК. Поради недостиг од докази, сликата за Исус им е препуштена на имагинацијата на уметниците. Влијанијата од различни уметнички култури и традиции исто така можат да бидат многу силни.

Поради тоа, приказот на Исус зависи од тоа во кој дел од светот го барате, па така Исус бил прикажуван и како црнец, латиноамериканец и Арап. И така останува основното прашање: како изгледал Исус?

Одговорот пристигнал од новото возбудливо подрачје во науката: форензичка антропологија. Користејќи методи слични на оние што полицијата ги има развиено за решавање криминали, британските научници, со помош на израелските археолози, повторно го создале она за коешто сметаат дека е најточната слика за најпознатото лице во човечката историја.

Кафени очи и висок само 166 см

Ричард Нејв, пензиониран лекар и уметник од Универзитетот во Манчестер користел форензичка антропологија за да добие прецизен портрет на Исус Христос. Во текот на изминатите две децении, тој има реконструирано десетици познати лица, вклучувајќи ги и Филип Втори Македонски, таткото на Александар Македонски и кралот Мидас од Фригија. Ако некој би можел да направи прецизен портрет на Исус, тоа би бил Нејв.

Нејв и неговиот тим на истражувачи дошле до череп на Семит од израелските археолози. Со помош на рендгенски снимки од черепот, направиле таканаречени резанки, па со помош на компјутер добиле мускули и кожа на типичен череп на Семит. Според еврејската традиција, Исус имал кратка кадрава коса и брада, а не светла и долга како што најчесто се опишува.

https://twitter.com/auktheballer1/status/1544812058474172418?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544812058474172418%7Ctwgr%5E266008ee3cb545649fab9f91fbcbfb1411123cfa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2Fzanimljivosti%2F190027%2Fkako-je-stvarno-izgledao-isus-hrist

Па така, изгледот на Исус е карактеристичен за Евреите од Блискиот исток кои живеат на подрачјето Галилеја во северен Израел. Освен тоа, Исус не бил ни особено висок – се верува дека бил висок само околу 166 сантиметри.

Ако иконата во домот ви стои на ОВА место, веднаш тргнете ја од таму: Многумина не знаат дека така привлекуваат голема несреќа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.