На познатата старлета ѝ угинаа 5 кучиња, 2 коња и еден камелеон: ПЕТА бара да ѝ се забрани чување домашни животни! (ФОТО)

Без коментар...

Водечката хуманитарна организација за животни ПЕТА ја осуди познатата старлета и ријалити ѕвезда Кејти Прајс откако неодамна почина нејзиниот седми миленик.

Поранешната манекенка (45) во понеделникот на Инстаграм сподели тажна вест дека нејзиното куче Блејд угинал откако го удрил автомобил.

Ѕвездата се соочи со низа трагедии во изминативе години, вклучувајќи и смрт на пет кучиња, коњ, па дури и нејзиниот камелеон Марвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Потпреседателкта на ПЕТА, Елиса Ален се огласила за „MailOnline“ по овие инциденти.

„Откако починала седмото животно во нејзиниот притвор, Кејти Прајс би требало да се соочи со судот на јавното мислење и да и биде забрането доживотно да чува животни“ – рекла таа и додала:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)


„ПЕТА ги повикала властите да ја испитаат смртта на Блејд и ја потсетува јавноста дека не е само Прајс таа која има крв на рацете“ – рекла таа.

„Виновни се и тие што им ги даваат или подаруваат животните, бидејќи добро знаат каков ќе биде исходот“ – стои во нејзината изјава.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.