Милош Биковиќ ѝ одговори на прозивката на Јелена Карлуеша: Актерот кажа само едно!

Која Јелена?

Актерот не се пронајде во провокациите на популарната пејачка.

Милош Биковиќ  пред неколку дена се појави на настан каде што одговараше на прашањата на новинарите за својата кариера, но и за провокациите кои му ги упати Јелена Карлеуша.

Популарниот актер не сакаше премногу да им посветува внимание на коментарите на Јелена, бидејќи не го погодија нешто претерано, па само кратко искоментира:

Луѓето од некоја причина имаат потреба да ме вовлекуваат во многу приказни во кои не припаѓам. Јас се наоѓам на некои насловни страници и во некои приказни кои не ми се интересни и сметам дека се измислени. Мислам дека една здрава личност не треба да се занимава со такви теми, така што и овој пат не би сакал да коментирам, изјави Милош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Да потсетиме, Јелена пред извесно време изнесе мислење за луѓето кои се занимаваат со лов и во таа пригода, покрај Вук Костиќ, го именува и Милош Биковиќ:

Оние што убиваат животни од забава се психопати, нечовечни. Кренете го гласот против убивањето на недолжните животни! Тоа што некој е актер, Костиќ или Биковиќ, не го намалува фактот дека станува збор за убијци на недолжни животни од забава, напиша Јелена порано на Инстаграм.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.