Добро погледнете го лицето на оваа жена: Денес девојките на Балканот ова го сметаат за убавина и сакаат да изгледаат како НЕА!

Ви се допаѓа?

Да, вистина е! Погледнете ги само жените и девојките околу себе: колку од нив имаат филери во усните, затегнати очи и лице со кило пудра?

Светските медиуми пишуваат за старлетата Кејти Прајс (43) и за тоа како се има уништено со многуте операции, па од симпатична девојка таа постигнала изглед на пластична кукла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Имено, Кејти повеќе ни сама не знае колку операции за разубавување имала. Имала 12 операции само на градите, а ботоксот повеќе и не дејствува на неа, бидејќи го користела пречесто веќе до 30-тата година.

Неодамна Кејти отишла во Турција за да ја поправи грешката на докторите од Велика Британија. Турските пластични хирурзи се познати по тоа што не одбиваат ниту една операција и ќе направат сè што ќе им побара клиентот, а Кејти досега барала да ѝ направат: бразилско подигнување на задникот, липосукција на стомакот, зголемување на усните, јагодици, третмани со ботокс, фејслифтинг, операција на носот.

Од природниот изглед на Кејти Прајс не останало ништо.

По сето ова, Кејти не била задоволна. По една од последните операции таа рекла:

„Ова е пекол, беше морничаво. Кога сè беше готово, помислив дека изгледам како чудовиште од хорор филм. Бев уверена дека ќе умрам или дека на крајот ќе изгледам како некоја морничава кукла. Се разбудив полна со дупки и конци на телото. Само ја сакам старата Кејти назад“, рекла старлетата неодамна.

Иако лицето на Кејти Прајс ги шокира повеќето луѓе, сепак денес секоја втора жена во Македонија и на Балканот сака да има прчест нос, затегнато лице без брчки, мачкести очи и полни усни. Стареењето е неприфатливо. Стареењето престана да биде привилегија, стана срамота. Никако не смее да се гледаат брчките, природната боја на забите и тенките усни… А здравјето? Кој уште се грижи за здравјето?!

Беше убава како божица, па се уништи со операции: Имала повеќе од 100 корекции и не планира да престане! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.