На Божиќ не отварајте Фејсбук и Инстаграм, тоа може да ве доведе до очај!

Студија која ќе ве шокира

Експерти предупредуваат на можна завист и „влошено расположение” кога премногу се следат пораки од
други лица на социјални мрежи бидејќи тие поттикнуваат нереално социјално споредување

Премногу прегледување пораки на Фејсбук за Божик ќе ве направи повеќе очајни отколку исполнети,
особено ако пасивно следите пораки од други луѓе, се вели во студија спроведена во Данска

Студијата на Универзитетот од Копенхаген сугерира дека прекумерно прегледување социјални мрежи
може кај луѓето да создаде чувство на завист. Посебно се предупредува на негативно влијание од пасивно
следење социјални мрежи кога не се влегува во комуникација.

Студијата е спроведена на повеќе од илјада лица, воглавно жени кои редовно се на социјални мрежи.
Во неа се додава дека – редовно прегледуавње социјални мрежи како Фејсбук може негативно влијае врз
вашата емоционална среќа и на задоволството од вашиот живот.

Експерти предупредуваат на можна завист и „влошено расположение” кога премногу се следат пораки од
други лица на социјални мрежи бидејќи тие поттикнуваат нереално социјално споредување. Активен
ангажман е попозитивно искуство, се сугерира во студијата објавена во списанието Cyberpsychology,
Behaviour and Social Networking.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.