Пријател на Метју Пери тврди дека актерот никогаш не се откажал од дрогата: „Ги лажеше сите дека е чист“

Зависноста од дрога е тежок проблем, борба која не секој може да ја издржи...

По ненадејната смрт на актерот Метју Пери, беше објавено дека ѕвездата на мегапопуларната серија „Пријатели“ е мртов поради супстанцијата кетамин, а сега се огласи и неговиот пријател.

Во неговите мемоари од 2022 година „Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing“, Пери напиша дека конечно ја победил зависноста од наркотици, меѓутоа неговиот близок пријател го тврди спротивното.

„Ги лажеше сите дека е чист. Тој никогаш не беше. Тоа е многу тажно. Знаете, најголемата лага што некогаш ја кажал веројатно била за самиот себе. Беше доста манипулативна личност кога е во прашање неговата борба против зависноста, но тоа беше ужасно тешка битка и се бореше секој ден до крајот” – изјави за странските медиуми извор кој не сакал да биде именуван.

Аутопсијата покажа дека актерот починал од акутни ефекти на кетамин и давење. Тој беше пронајден со лицето надолу во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес на 28-ми октомври во 16:17 часот.

Патологот пријавил дека примал инфузиона терапија со кетамин како лек за депресија. Сепак, неговиот последен третман бил 10 дена пред да почине, а кетаминот останува во телото само три до четири часа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.