Мултифункционален уред кој ќе го збогати вашето слободно време

Неколку часа само за себе, изгубени во некој друг свет, соживувајќи се со приказната, ликовите, дестинацијата…

Замислете го следново: конечно викенд,  уживате во вашиот омилен пијалак, легнати на софата, новата сезона од вашата омилена серија штотуку е излезена, а вие подготвени да го стиснете копчето „Play“.  Одеднаш, собата оживува со живописни бои и остри детали.

Неколку часа само за себе, изгубени во некој друг свет, соживувајќи се со приказната, ликовите, дестинацијата… Добре дојдовте во светот на Samsung OLED телевизорот.

OLED телевизорот на Samsung е врвниот додаток на вашиот систем за домашна забава. Комбинирајќи ги најновите технолошки иновации со елегантен и стилски дизајн, овој телевизор е омилен во секој дом.

OLED (organic light-emitting diodes) или органските диоди кои емитираат светлина е технологија која покрена револуција во светот на телевизорите бидејќи овозможува управување со буквално секој пиксел на екранот за да сликата има длабоки бои, јасност и совршен приказ, и сето тоа низ исклучително тенок дизајн, а сепак останува енергетски ефикасен

Кога зборуваме за дизајнот, скоро сите паметни телевизори од поновите генерации изгледаат многу слично. Но и тука, Samsung успева да се оттргне од толпата и да создаде уникатен OLED уред со Laser Slim дизајн со јасни линии и минималистичка рамка.

Црните рабови кои речиси и да ги нема, заедно со ултра тенката рамка се обработени за максимален елегантен и дискретен дизајн, а минималистичките рамки, тенкиот профил и рамен грб, го прават Samsung OLED лесно да се вклопува во секој ентериер без разлика на големината на просторот.

Совршен за уживање, но и за работа

За оние кои работат од дома, Samsung OLED телевизорот е совршен начин да останете продуктивни. Со својот напреден квалитет на сликата, можете да уживате во остра јасност и детали, што ја олеснува работата на сложени документи или презентации. Исто така, со интуитивниот Smart TV Hub, можете да пристапите до низа онлајн услуги и апликации, за да можете да останете поврзани со колегите и да бидете во тек со задачите.

Samsung OLED за оваа 2023 год. доаѓаат со многу напредни технологии, како Quantum Dot поради која ќе гледате неспоредливо темно црна, најчисто бела и сите можни нијанси на живи бои на сликата, додека пак процесорот Neo Quantum 4K во заднината гарантира оптимална јасност, прецизност, осветленост, контрасти и сите други детали.

Самата технологија за зголемување на резолуцијата 4K AI гарантира дека ќе ја искусите моќта на 4К во нејзино буквално значење.  Она што е многу интересно и важно е дека Samsung OLED е направен лесно да ја одбива светлината насочена кон него од самата просторија во која се наоѓа, било тоа да е од некоја лампа или друг уред за осветлување, или пак едноставно од сончеви зраци кои продираат низ прозорецот.

Вашиот најдобар пријател за враќање во форма

Ако сакате да останете фит и здрави, OLED телевизорот Samsung е исто така совршен придружник. Не само што можете да пристапите до голем број фитнес апликации и услуги за стриминг, туку неговиот огромен опсег на функции го олеснува следењето на вашиот напредок и држење на мотивацијата на највисоко ниво.

Со неговиот амбиентален режим, можете да се нурнете длабоко во себеси и да останете фокусирани за време на јога или медитација. За оние, пак со немирен дух и бескрајна енергија, за кои танцот е број еден физичка активност, бидете сигурни дека со OLED ќе се чувствувате како да сте на подиумот за танцување, благодарение на реалистичниот 3Д звук.

Ако сте од оние зависници од нови технологии, испробајте еден од иновативните soundbar-звучници, и иновативната QSymphony технологија ќе се активира, која на уникатен начин создава синергија меѓу звучниците на телевизорот и самиот soundbar за комплетно surround-искуство.

Забава и за вашите најсакани

Во оние моменти кога сакате да се повлечете во удобноста на својата спална и да уживате во добра книга, совршен начин да уживате во мирот е доколку вашите најсакани имаа добра занимација. Тука повторно на сцена настапува неповторливиот OLED нудејќи исклучителни подобрувања на движењето во 4K 120 Hz за сите оние навлезени во светот на гејмингот.

Новите звучници овозможуваат подобрено искуство со Dolby Atmos што ќе ги внесе гејмерите во срцето на акцијата благодарение на повеќедимензионалниот звук. Така да, уживањето во игрите со ултра непречена акција, без доцнење и заматување при движење и сето тоа придружено со лудило од звук, сега е на дланка! Вашите мали бунтовници анимирани, а вие апсолутно релаксирани!

Нарачајте пред сите и добијте неверојатен подарок!

Причина плус да купите нов телевизор од линијата Samsung 2023? Samsung ги подарува вашите омилени Galaxy смартфони за секоја преднарачка на уред од новата линија OLED. Зачекорете во ново ТВ доживување и уживајте во омилените содржини повеќе од кога било досега. Направете преднарачка на Samsung Neo QLED или OLED и како подарок добивате избрани уреди од серијата Galaxy A или S.

Сите купувачи кои во промотивниот период од 20.3. до 9.4.2023 година ќе направат преднарачка на OLED 55″ или 65″, Neo QLED 55″ или 65″ или Neo QLED 8K од 65″, ќе добијат подарок Galaxy A53 5G.

Ако направите преднарачка на Neo QLED 8K 75″ ве очекува подарок Galaxy S21 FE, додека со Neo QLED 8K од 85’’ како подарок добивате Galaxy S22. За повеќе информации за нарачките однапред и правилата за промоција, посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-neo-qled-2023/

Повеќе информации за Samsung OLED телевизори прочитајте на https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95b-65-inch-oled-4k-smart-tv-qe65s95batxxh/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.