Машко библиско име што Македонците го обожаваат: Има три верзии и многу моќно значење

Одличен предлог за име

Едно од омилените библиски имиња е Матеј и Македонците често им го даваат на своите синови

Постојат многу стари, библиски имиња што родителите со задоволство ги одбираат за своите деца. Едно од најубавите е Матеј.

Името Матеј е од староеврејско потекло и потекнува од името Матитјах, а се преведува како „дар од Бога“, односно „божји дар“.

Ова име датира уште од времето на Исус Христос, кога живееле четворицата евангелисти и творецот на првото евангелие Матеј, кој бил и еден од 12 апостоли на Христос.

Изведени имиња и презимиња

Денес ова име може да се сретне во повеќе верзии, како што се Матија, Матеа или Матеј, а од него настанале и презимињата како што се Матиќ или Матеев.

5 ангелски имиња за девојчиња: Доколку верувате дека името ја одредува судбината, не можете да погрешите со овие!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.