Како крофните да не впијат масло и да не бидат масни? 3 трикови на искусните домаќинки со кои ќе бидат меки и воздушести

Рецепт

Со овој трик крофните нема да впијат масло и нема да бидат масни

Крофните се омилениот десерт на сите генерации. Некои сакаат крофни со џем, други со крем, а ние ви откриваме како вашите крофните да не впијат маснотии.

Клучниот трик се крие во 3 чекори!

Иако во крофните се додава квасец, треба да додадете и половина кесичка прашок за печиво – тоа е важно, бидејќи ќе го спречи појавувањето на дупчиња во крофните.

Додавањето лажиче ракија во смесата ќе го спречи впивањето маснотии, исто како и поволната температура на маслото.

При пржењето на крофните, внимавајте да не претерате со количината, бидејќи така температурата на маслото ќе падне, а крофните нема да се испечат и ќе впијат повеќе маснотии.

За да ви успеат крофните, важно е сите состојки да се топли, па така пред да го замесите брашното, загрејте го во рерна околу 3 минути на температура од 20 степени.

Состојки:
  • 1 кг мазно брашно
  • 2 цели јајца и 2 жолчки
  • 1.2 шолја шеќер
  • 1 лажиче сол (полно до врвот)
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • малку рендана кора од лимон
  • 1 лажиче ракија
  • 1 дл масло
  • 5 дл млеко
  • 1 коцка свеж квасец
Приготвување:

Во сад загрејте 1 дл млеко (не смее да биде преврело), додајте едно лажиче шеќер и едно лажиче брашно, промешајте и додајте свеж квасец. Оставете го да нарасне.

Матете ги јајцата со шеќер и лажиче сол додека добиете пенеста смеса, потоа додајте ја во топло брашно помешано со прашок за печиво. Потоа, додајте топло масло, лажица ракија, измешајте и додајте квасец и на крај топло млеко (преостанатите 4 дл што ви останале по одземениот 1 дл за смесата со квасец).

Добиената смеса оставете ја на топло додека стане двојно поголема, потоа префрлете ја на набрашнета површина и расучете ја на дебелина со 1 цм. Со тркалезен калап исечете облици и кога ќе ја искористите целата смеса, оставете ги добиените облици да нараснат. Потоа, превртете ги на другата страна да нарасне и таа.

Наполнете лонец со масло и загрејте го (маслото треба да биде врело, никако прегреано, ако се прегрее, ќе се појават меурчиња). Крофните ставајте ги во загреаното масло и внимавајте првата страна што нараснала да биде свртена нагоре. Намалете ја температурата и поклопете со капак, по 20-тина секунди тргнете го капакот и свртете ја крофната на другата страна да се пржи, но без да ја покривате со капак (на овој начин на средината на крофната ќе се создаде бела линија). Наполнете слаткарски шприц со џем или крем и полнете ги крофните откако ќе ги наредите на хартиени салфети.

Најмеките крофни со кисело млеко: Се печат на маст, воздушести се и сочни, а вкусот е фантастичен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.