У&З ЅВЕЗДИ ОД СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Ова се прехранбените производи што царуваат на рафтовите и кои го заслужуваат статусот на ѕвезди!

Фаворити на редакцијата

Гладната редакција заедно со нашите читатели ќе помине часови и часови за да ја креираат листата на 25-те најдобри

Без оглед дали бараме брзо приготвување, најздрав избор или сме вљубени во вечните класици – ова се ѕвездите кои царуваат на рафтовите во маркетите и фаворити на редакцијата.

Затоа одлучивме да ги лансираме „У&З ѕвездите од супермаркетите“. Сметаме дека е потребно да креираме платформа за да го впериме „рефлекторот“ кон прехрамбените производи кои го заслужуваат статутост на ѕвезди. Нашите и ваши омилени брендови, пакетчиња, тегли, кесички или туби полни со препознатлив, безвременски вкус.

Гладната редакција заедно со нашите читатели ќе помине часови и часови за да ја креираат листата на 25-те најдобри. Тоа се производи: спасители односно оброци или ужинки кои можете да го носите секаде со себе, производи-легенди – оние што се нераскинлив дел од нашата традиција (производи кои се незменливи состојки на најпознатите јадења или најпопуларни за дарување или оние со најдолгогодишно присуство на пазарот), производи-чувари на витата линија или производи-партнери на секоја забава, најдобро друштво за филмска ноќ или цареви за добро расположение…

Низ креативна кампања да го дадеме признаните кое го заслужуваат омилените брендови и производи, затоа што се важен дел од секојдневието, но и најспецијалните моменти во животот!

Запознајте се со некои од фаворитите во различни категории…

Следете го нашиот инстаграм-профил @ubavinaizdravje.mk и гласајте за вашите омилени ѕвезди од супермаркетите!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.