Мили по наводната тепачка со Ѓорѓе Давид: Мене никој не смее да ме навредува, дојде до инцидент!

Хаос во „Ѕвездите на Гранд“

Композитирот Александар Милиќ – Мили се огласи по наводите дека на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ дошло до физички контакт помеѓу него и Ѓорѓе Давид.

Мили истакнал дека дошло до вербален судир и дека никој не смее да се навредува во „Гранд“.

„Не се случило ништо важно и немаше физички контакт, но мене никој не може да ме навредува. Да, вистина е дојде до вербална расправија, но ниту еднаш не помислив физички да се пресметам – рекол Милиќ.

„Во „Гранд“ никој не смее никого да навредува, тоа не е дозволено. На крајот се смиривме – рекол Мили за српски „Курир“.

Да потсетиме, Ѓорѓе Давид за српски Телеграф изјавил дека немало физички контакт, туку само до вербален судир во кој како што рекол и тој и Мили ја поминале границата.

„Имаше вербална расправија, во која двајцата ја поминавме границата. Да тргнев да се тепам, сигурно дека не би застанал. Не сме деца, свесни сме дека има околу 400 луѓе околу нас, на крајот тука е обезбедувањето – рекол Ѓорѓе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.