Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ неодамна ја издаде својата нова песна „Од вечери до јутра“ која веќе се приближува кон првиот милион на „Јутуб“:

Деновиве, пејачот гостува по емисии каде ја промовира песната, но и зборува за својот приватен живот.

Имено, помладиот Живојовниќ седна на полиграф во редакцијата на „Блиц“ и одговараше на интимни прашања.

Дали е точно дека ве „мувале“ некои пејачки на „Гранд“ за да подобро се позицираат во продукцијата?

„Да“ ,одговори Стефан и истакна дека додворувањето било успешно.

Дали сте биле со женска личност која е постара од вас 15 години?

„Не“, одговори Стефан, а одговорт се покажа како неточен, а на крајот на емисијата се извини што излажал.

Дали некогаш сте фрлиле око на некоја пријателка на вашата мајка?

„Да, естрада е тоа, сите изгледаа феноменално“, изјави младиот пејач.

Дали некогаш сте биле во паралелна врска со две или повеќе девојки?

„Не“, изјави Стефан, а одговорот се покажа како неточен.

Фото: Инстаграм