Конечно се огласи и мајката на Северина, го нападна Милан Поповиќ: „Срам да му е, 10 години ја малтретира со КГБ мерки!“

Хаос!

Во целиот хаос со случајот Северина и нејзината сестра Мирјана, се огласи и нивната мајка, Ана Вучковиќ откако во Дневникот на хрватска Нова тв, бил емитуван прилог во кој Милан Поповиќ дал изјава за конфликтот меѓу неговата поранешна партнерка и нејзината сестра Маријана Поповиќ.

„Почитувани, јас сум мајка на Северина. Во вчрашниот дневник ја слушнавте изјавата на Милан Поповиќ, сите знаете кој е тој, само затоа што беше со мојата ќерка, никој за него не слушнал претходно. Тој објаснува што се случило во мојата куќа. Срам да му е. Од каде има право на тоа? Ниту бил тука ниту тука ќе влезе. Всушност, од каде зема за право веќе 10 години неприкладно да зборува за мојата ќерка, мајката за своето дете? Размислува ли тој воопшто за мојот внук, за неговиот син? Ја малтретира со години и јавно ја пцуе, а тоа е мајка на неговиот син. Тоа се ме боли и мене зашто ја гледам како живее. Следена, малтретирана, тужби, поткупување на луѓе, најлоши КГБ методи применува кон мојата Северина и луѓето во нејзина близина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Синоќа прочитавте дека изјавил дека не сум рекла дека Северина не ја нападнала сестра и. Каде мојот поранешен зет доби право да ме стави во уста, а камоли да земе право да зборува во мое име за тоа што сум кажал, а што не сум кажала? Можеби сум стара, но не сум луда или сенилна. На крајот на краиштата, последен пат кога го видов тој човек, чие име не сакам ни да го слушнам, не ме ни поздрави иако јас го поздравив. Срам да му е.

Никогаш во живот не сум давала изјави до пред некој ден. Го повторувам тоа што го кажав во полиција дека Северина не ја повреди својата сестра, туку сестра неа физички ја нападна. Да, рков и тоа дека сестра ѝ не е првпат да ја пријавува Северина…Повторувам, имам 84 години, не сум физички во полна сила а мозокот ми работи, а сила ми даваат моите внуци и правнуци“, објаснува мајката на Северина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.