Ѕирнете во луксузниот живот на Селма Хаек и нејзиниот сопруг: Поседуваат модно царство, уживаат во животот!

Каков живот!

Ако постои француски моден магнат што со години успешно ја држи моќта во свои раце, тоа дефинитивно е сопругот на холивудската актерка

Франсоа-Анри, синот на еден од најбогатите луѓе на светот Франсоа Пино, полека напредувал до претседателското место во францускиот луксузен конгломерат, што ги поседува модните куќи Гучи, Баленсијата, Сен Лорен и Ботега Венетa, како и аукциската куќа Кристи и француската винарија Шато Латур.

Како почнало сè?

Откако во 1985 година дипломирал менаџмент на HEC му требала деценија за Пино да го преземе местото на својот татко и да стане претседател на Групата Артемис 2003 година, а потоа и претседател и извршен директор на Керинг, две години подоцна. Додајте уште неколку децении во таа временска рамка и ќе го добиете третиот генерален директор на Harvard Business Review со најдобар ефект на светот во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

За човек со вакво Си-Ви, не изненадува тоа што нето-вредноста на неговиот имот сега се проценува на 7 милијарди долари, според Форбс.

Селма, црвени килими и луксузни одмори

И покрај тоа што е дел од едно од највлијателните семејства во Франција, Пино почнале да го забележуваат и надвор од модната индустрија по објавата на врската со холивудската актерка Селма Хаек во 2007 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Од 2009 година кога се венчале, 59-годишниот француски милијардер ужива да прави апсолутно сè со својата сопруга со која има 14-годишна ќерка. Се чини дека не постои ништо друго што го прави посреќен од патувањата на сите тие живописни места со Селма.

Откако се венчале во Париз, само неколку месеци подоцна ги обновиле заветите во Венеција и приредиле уште една забава. Најважно е што во 2018 година Пино ја изненадил Селма со уште една обнова на заветите на тропскиот остров Бора Бора.

Како директор на една од најголемите светски модни групации, Пино исто така никогаш не разочарува на црвениот килим, како ни мексиканско-американската актерка. Моќната двојка често може да се види во креации на Гучи.

Филантроп

Пино не е само пионер во индустријата за луксузна роба: тој ја основал и финансирал фондацијата Керинг, која ги поддржува жените кои се жртви на насилство. Групата Керинг исто така донирала 113 милиони долари за реставрација на катедралата Нотр Дам во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Сопственик на најбогатиот европски спортски тим

На што уште Пино сака да го троши своето драгоцено време? Па, тој моментално е четвртиот најбогат сопственик на спортски тим на светот, а најбогатиот во Европа според Форбс, бидејќи е претседател на групата Артемис, која го поседува фудбалскиот клуб Stade Rennais од француската лига 1. Дури и Селма е забележана како навива покрај сопругот за време на неколкуте натпревари одржани во Франција.

Ѕирнете накратко во нивниот живот преку нашата галерија…

Селма Хаек проговорила за својот брак: „Сите мислеа дека се омажив за него поради пари, но ова е вистината!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.