Пред Новак, Јелена Ѓоковиќ го сакала овој тенисер: Еве зошто врската брзо се распаднала!

Иван Бјелица

Набрзо по раскинувањето го запознала Новак, а остатокот е историја

Иако имаат само триесетина години, се добива впечаток дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се заедно цела вечност. Вистина е дека се запознале во раната младост и заедно растеле и созревале, но пред да се сретнат имале вистински младешки љубови.

Во времето кога сè уште се презивала Ристиќ, Јелена го сакала тенисерот Иван Бјелица Гиле, згоден белграѓанин, кој денес има 37 години. Нивната врска сепак не траела, најмногу поради тоа што во тој период биле многу млади и незрели.

Набрзо потоа го запознала Новак, а остатокот е историја. Кратката романса на Јелена со колегата на Новак брзо паднала во заборав, но името Иван Бјелица продолжило да се споменува во медиумите и тоа не само во рубриките резервирани за спорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivan.bjelica


Пред пет години Иван почна да се забавува со Христина Поповиќ, која освен уметнички, негува и спортски дух. Иако никогаш не зборуваа јавно за својата врска, во 2018 година стана јасно дека на нивната љубов ѝ дошол крајот, кога русокосата актерка ги избришала заедничките фотографии од својот инстаграм-профил.

Иако неколку месеци подоцна имаше гласини дека Христина и Иван пробале да ѝ дадат втора шанса на својата љубов, изгледа дека не дошло до смирување, па секој продолжил по својот пат.

Еве зошто Јелена Ѓоковиќ ѝ е лута на свекрва ѝ: Не може да премине преку оваа изјава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.