Селма Хаек проговорила за својот брак: „Сите мислеа дека се омажив за него поради пари, но ова е вистината!“

15 години заедно

ФОТО: Getty images

Бракот на Селма Хаек и нејзиниот сопруг, милијардерот Франсоа-Хенри Пино, често бил предмет на лоши коментари, но убавата актерка никогаш не обрнувала премногу внимание

Сега, Селма конечно одлучила засекогаш да им ја затне устата на сите што имале нешто да кажат за нејзиниот брак.

„Фотографиите не можат да ви ја откријат неговата магија. Ме направи многу подобра личност и ми овозможи да растам на многу добар, здрав начин. Кога се омажив, сите зборуваа дека тоа е договорен брак и дека сум се венчала со него поради пари, а јас им дозволив да мислат што сакаат. Заедно сме 15 години, а нашата љубов и понатаму е силна, па повеќе и не се навредувам“, рекла 54-годишната Селма за својот сопружник во подкастот Armchair Expert на Декс Шепард во понеделникот.

Пино е извршен директор на компанијата „Керинг“, која е сопственик на луксузни брендови, како Гучи и Александар Меквин, а богатството му се проценува на 7 милијарди долари. Хаек е свесна дека тоа предизвикува разни стигми и признава дека тоа е последното нешто со коешто сакала да биде поврзана.

Хаек објаснила дека излегувањата со богати мажи не биле нејзин филм, а во врската со Пино влегла со предрасуди, кои тој потполно ги срушил.

Единственото нешто што ѝ пречи се „троловите“ кои го критикуваат ликот на 58-годишниот Французин.

„Тоа за мене не е само навреда. Не сум само јас таа која е осудувана… а не можам ни да опишам каква среќа е тоа човечко суштество“, вели Хаек за сопругот, со кого во 2007 година ја добила ќерката Валентина.

Во разговор за магазинот Allure во 2015 година, Хаек рекла дека финансиската независност била корисна за бракот.

„Во животот го одбрав ставот дека трошоците кои ги имав пред бракот се мои трошоци, а тој ми кажа дека го знае тоа и дека токму затоа сака да се венча со мене. Можеби и тоа е причината зошто мојот брак функционира одлично. Сè уште сум независна, а нему му се допаѓа тоа и многу ме цени поради тоа“, открила Хаек.

По раѓањето на нивната ќерка, Хаек размислувала да се откаже од кариерата, но сопругот ја охрабрил со убави зборови и силно го поддржал нејзиното враќање.

„Не сакам да бидам лишен од твојата работа. И јас сакам да те гледам. А светот сè уште го нема видено најдоброто од тебе. Па затоа, не можеш да прекинеш“, се присетила Хаек на зборовите на сопругот и додала дека Франсоа-Анри бил во право.

Селма Хаек плачела на првата снимена секс-сцена со Антонио Бандерас: „За него тоа не беше нeшто!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.