Жената за која зборува целиот свет синоќа направи хаос: 10 работи што треба да ги знаете за добитничката на „Оскар“ – Мишел Јео

„Оскар“ за најдобра главна женска улога

Мишел Јео е 60-годишна актерка од азиско потекло која синоќа го освои својот прв „Оскар“ за улогата во филмот „Сè во исто време“, кој воедно беше прогласен за најдобар филм

Синоќа целиот свет ѝ ракоплескаше на актерката Мишел Јео, која доби „Оскар“ за главна женска улога во филмот „Сè во исто време“, кој истовремено беше прогласен за најдобар филм.

„За сите момчиња и девојчиња кои го гледаат ова вечерва, а изгледаат како мене, како и за сите жени – никогаш не откажувајте се. Не би била тука вечерва без мојата екипа и сите што учествуваа, а победата ѝ ја посветувам на мојата мајка, на сите мајки, тие се херои и не би биле тука да ги немаше нив. Таа моментално го гледа преносот во Малезија, ова е за вас, како и за мојата фамилија во Хонг Конг, каде што започна мојата кариера, пишуваме историја“, рекла поранешната мис на Малезија на доделувањето „Оскари“.

Мишел Јео во период од четири децении има изградено прилично импресивна кариера: од Бонд девојка до гејша.

10 работи што досега не сме ги знаеле за Мишел Јео:

1. Балетот е нејзината прва љубов. На 4 години почнала да оди на часови по балет, а подоцна се запишала на престижната Кралска академија за игра во Лондон.

2. Мишел била Мис на Малезија во 1983 година, а била прогласена и за Мис на Мумбај и за Кралица на Пацификот.

3. Филмската кариера ѝ почнала така што барале актерка која ќе се појави покрај Џеки Чен во реклама. Остатокот е историја.

4. Мишел Јео никогаш немала формална обука за боречки вештини. Благодарение на нејзината флексибилност како балерина, ги совладала тренинзите по боречки вештини без проблеми.

5. Мишел Јео има глумено во голем број наградувани филмови, меѓу кои се: „Притаен тигар, скриен змеј“, „Мемоарите на една гејша“, „Луди, богати Азијци“, „Аватар 2“, „Утрешнината никогаш не умира“ и други.

6. Оваа актерка зборува англиски, малајски и кантонски јазик.

7. Родена во будистичко семејство, Мишел и денес практикува будизам. Вели дека верата ѝ помага да ги совлада сите препреки.

8. Авантурите и патувањата се нејзината опсесија.

9. Мишел е првата жена од азиска потекло што има освоено награда за најдобра актерка, поточно „Оскар“.

10. Мишел е прогласена за најголема хероина на сите времиња и тоа во 2008 година, благодарение на нејзините неверојатни улоги во дотогашните филмови.

Каков хаос на оскарите: „Сè секаде одеднаш“со седум златни статуетки, Оскар и за најдобар филм!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.