Жена на НБА-кошаркар го обвинила сопругот за семејно насилство: „Ме злоупотребуваше и ги истрауматизира нашите деца!“
Дознајте!
НБА-ѕвездата Мајлс Бриџиз е обвинет за семејно насилство. Кошаркарот ѝ се предал на полицијата на Лос Анџелес, а набрзо бил пуштен од притвор со кауција од 130.000 долари
Сопругата на Бриџиз, Мишел Џонсон, го прекинала молкот. На својот инстаграм-профил објавила потресни фотографии од телесните повреди што ѝ ги нанел кошаркарот.
View this post on Instagram
„Мразам што дојде до ова, но не можам повеќе да молчам. Му дозволив некому да го уништи мојот дом, да ме злоупотребува на сите можни начини и да ги истрауматизира нашите деца за цел живот“, напишала Џонсон, па додала:
„Нема да дозволам луѓето околу него да молчат и да лажат за да го заштитат. Ова е неморално и болно.
Нема да молчам повеќе за да ги заштитам другите, бидејќи се ценам себеси и моите деца. Фрактура на носот, зглобовите, мускулите на вратот од гушење и тежок потрес на мозокот. Не барам сожалување, само не сакам ова да му се случи никому. Моите деца заслужуваат подобро, тие беа сведоци на сето ова, тоа ме боли најмногу од сè“, заклучила Џонсон која има две деца со ѕвездата од НБА-лигата.
View this post on Instagram
Клубот на Бриџез, „Шарлот Орнетс“, објавил соопштение во кое стои дека се запознаени со неговиот случај и дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата.