Рики Мартин доби забрана за доближување: Поранешниот партнер го обвинил за насилство!

Љубовни проблеми...

Популарниот пејач Рики Мартин ги одрече наводите за семејно злоставување во последниот случај со судска забрана за доближување против него.

Бидејќи барањето за забраната е поднесено според Законот за семејна злоупотреба на Порторико, официјално останува нејасно кој го поднел. Порториканскиот медиум „Ел Вочеро“ објави дека се работи за некој со кого Мартин се забавувал седум месеци.

„Подносителот се плаши за неговата безбедност“, пишува „Ел Вочеро“, повикувајќи се на судската наредба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Портпаролот на тамошните органи на законот, Аксел Валенсија изјави дека властите го посетиле луксузниот кварт, во северниот крајбрежен град Дорадо, каде што пејачот живее, за да го предадат налогот, но „полицијата не успеала да го пронајде“ Рики Мартин.

„Наводите против Рики Мартин кои водеа до налогот за заштита, се целосно лажни и измислени. Ние сме многу уверени дека кога ќе излезат вистинските факти за ова прашање, нашиот клиент Рики Мартин ќе биде целосно ослободен од обвинението“, изјави одбраната.

Оваа вест доаѓа кога пејачот се соочува и со друга правна тужба, поднесена од неговата поранешна менаџерка – Ребека Дракер, која работела со Мартин од 2014 до 2018 година и повторно од 2020 до 2022 година. Таа тврди дека тој ѝ должи повеќе од три милиони долари за неплатени провизии. Дракер, исто така, наведува дека таа „ревносно го заштитила Мартин“ од „можноста за завршување на кариерата“ во септември 2020 година.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.