Историски чекор за македонската едукација – М3ДС Академијата се најде на листата на најдобрите школи во светот!

Преку едукативните програми студентите се развиваат во професионални 3D уметници кои добиваат меѓународна сертификација кои уште веднаш се препознаени на пазарот на труд како исклучителни професионалци со развиено портфолио

М3ДС Академијата за дигитални уметности е прогласена за еден од најдобрите едукативни центри во светот од областа на креативните индустрии од страна на организацијата The Rookies.

The Rookies ги рангираат училиштата за креативни и забавни медиуми од 2009 година со едноставна цел да им помогнат на амбициозните креативци да најдат доверливи училишта што ќе им помогнат да остварат успешна кариера во креативни полиња како игрите, визуелните ефекти, анимација, 3Д ликови и сл.

Со оваа едноставна цел, Rookies World School Rankings® , поддржана од страна на Adobe, Intel, Epic Games, Autodesk, DELL, Unity, Nvidia итн., стана доверлива и почитувана организација од страна на индустријата, кредибилна за прикажување на најдобрите образовни центри достапни за студентите денес.

Оценувањето на студентите го извршуваат сите светски студија што изработуваат филмови и игри како Disney, Sony, EpicGames, Unity, Pixar, WetaDigital, Framestore итн.и ова е нешто што е само по себе потврда дека станува збор за  реално оценување на студентите.

Признанието кое The Rookies го даде на M3DS Академијата меѓу другото се заснова на опременоста на Академијата која му овозможува на секој студент да учи работејќи со најновата и најиновативната технологија.

М3ДС Академијата е основана во 2016 година од страна на Стефан Митров кому главна цел од самото основање му беше да ја создаде и развие најквалитетната едукативна установа на овие простори и со тоа да придонесе за откривање и развој на младинскиот потенцијал од област на креативните индустрии на просторот на Републиката.

Академијата нуди специјализирани образовни модули за студентите кои сакаат да бидат вклучени во креативната индустрија. Преку едукативните програми студентите се развиваат во професионални 3D уметници кои добиваат меѓународна сертификација кои уште веднаш се препознаени на пазарот на труд како исклучителни професионалци со развиено портфолио – максимално посветени на својот понатамошен развој и унапредување на својата кариера.

Студентите во текот на 12 месечните студии го изучуваат целокупниот процес на изработка на една игра или филм. Во првата половина од програмата тие ги изучуваат основите на сите креативни области и тоа доведува секој студент да се пронајде во соодветно поле од индустријата. Во втората половина на студиите, студентот се определува во која насоки би сакал да го специјализира и надгради своето знаење и токму ова доведува до крајната цел и претставува вистинска гаранција дека секој студент го дава својот максимум квалитетно и со целосна посветеност да ги изврши сите зададени задачи од страна на инструкторите.

Студент на годината за 2018 – Марко Лазов

Марко Лазов е дипломиран студент од М3ДС Академијата, во 2018 година, а заради неговата посветеност и одлична работа во текот на предавањата беше избран и за студент на годината.

Марко моментално работи како 3D Character/Creature Artist во Triple A индустријата повеќе од 3 години и моментално е дел од 4A Games студио, познати по Metro Exodus, Metro Last Light, Metro 2033.

Тој има работено и на видео игри како Back4Blood, Mortal Online и ARMA и навистина се истакнува со неговото богато портфолио.

Портфолиото можете да го погледнете на неговиот Artstation.

Студент на годината за 2019 – Петар Пехчевски

Петар работи како 3D Character Artist/Animator во индустријата за мобилни игри повеќе од 2 години.

Работи најчесто за Indie Game студијата, каде што е одговорен за голем дел од продукција, работејќи на целиот процес од моделирање, анимација до финално имплементирање во игрите. Една од игрите на којашто има работено е Krystopia: Nova’s Journey од студиото Antler Interactive во Шведска.

Неговите изработки може да ги погледнете на неговите Artstation

Студент на годината за 2020 – Симон Зафировски

Симон на само 20 години се вработи во М3ДС Академијата и успеа да достигне позиција водечки инструктор кој по завршувањето на академската година покажа огромна желба да биде лидер во креативната индустрија. Неговите огромни амбиции го доведоа до тоа да стане прв сертифициран инструктор во Unreal Engine (Epic Games) во Источна Европа, а според базата на податоци тој е и најмладиот инструктор на глобално ниво во истоимената програма.

Неговите изработки може да ги погледнете на The Rookies

Студент на годината за 2021 – Марио Стојанов

Марио не само што е студент на годината туку исто така е номиниран за еден од најдобрите студенти за 2022- номинација која доаѓа исто така од организацијата The Rookies.

Неговата пасија за изработка на игри постои кај него уште од пред 4 години, што беше проследено со желбата да се запише во М3ДС Академијата. Својата желба ја одржуваше жива и активна исто така присуствувајќи на настаните „Game Design How To?“. Овој едукативен настан се организира од страна на Академијата веќе 7 години по ред и целта на настанот е да им овозможи на младите артисти да се пронајдат во креативната индустрија-нешто што му се случи и на Марио.

Во последното издание на „Game Design How to?“ Марио повеќе не е студент туку е вработен М3ДС инструктор кој започнува да ја гради својата кариера на интернационалното ниво.

Неговата номинација може да ја погледнете на The Rookies

Изјава на Стефан Митров – основач на М3ДС Академијата.

„Огромно задоволство ми е што работам со тим кој е секогаш жеден за постигнување нови цели и освојување повисоки врвови. Тим кој секогаш разговара меѓу себе споделувајќи ги притоа иновациите во светот поврзани со визуелните уметности. Освен меѓусебната соработка со колегите, ние како тим секогаш се трудиме да создадеме услови за напредок преку организирање на напредни семинари, вебинари и конференции, како и воспоставување соработка со врвните артисти на компаниите со кои имаме соработка.

За да станете едни од најдобрите во светот вие треба да соработувате со најдобрите во светот!

Токму тоа и ние го направивме организирајќи ја M3CONERECE каде ја имавме исклучителната привилегија и задоволство токму врвните професионaлци од креативната индустрија да ја посетат нашата земја и да бидат спикери на настанот пренесувајќи им го своето непроценливо знаење и искуство на нашите студенти и сите наши поддржувачи.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.