Меланија Трамп (52) конечно во јавност: Поранешната прва дама прошетала во две совршени комбинации!

Совршена!

Меланија Трамп уште еднаш објаснила што е тоа стил!

Откако се отсели од Белата куќа, Меланија Трамп исчезна од „нишанот“ на папараците, а и од видеокругот на преостанатиот свет. Меѓутоа, папараците ѝ влегле во трага.

Поранешната прва дама и нејзиниот син Барон го поминуваат летото во Њујорк.

Причината е практична: Доналд Трамп има некоја работа на Менхетен, па за тоа време, семејството престојува помеѓу кулата „Трамп“, облакодер со 58 ката на Петтата авенија, и резиденцијата во Бедминстер, Њу Џерси, каде што поседува терени за голф.

https://twitter.com/MailOnline/status/1543527512034230272?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1543527512034230272%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2Fstreet-style%2F182489%2Fstajling-melanije-tramp

За разлика од првата жена на Доналд, Ивана, Меланија не го следи својот сопруг насекаде. Често патува сама низ Америка, дури и во странство, без голема медиумска помпа, што никогаш и не ја сакала, дури ни кога Трамп беше на чело на државата.

Како што велат добро упатените, нему тоа сосема му одговара, сè додека таа е среќна и задоволна. Па така и деновиве се шетала низ Њујорк без него. Како и секогаш, во беспрекорен стајлинг…

Првото јавно појавување на Меланија Трамп по напуштањето на Белата куќа: Никогаш не изгледала подобро! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.