Љубовен четириаголник на Вимблдон: Сиена Милер и Алекса Чанг го украле сето внимание!

Две познати двојки

Двајцата бивши седеле еден зад друг – со новите партнери

Убавата британска актерка Сиена Милер уживала во страсните бакнежи со актерот Оли Грин, додека веднаш зад неа седел нејзиниот поранешен партнер со својата нова девојка, модната икона Алекса Чанг.

Звучи како сапуница, но всушност станува збор за едно попладне на тенискиот турнир Вимблдон.

Актерот Том Стариџ од кого Сиена се развела во 2015 година, исто така разменувал нежности со Алекса Чанг. Сепак, изгледа дека нема тензија во овој љубовен четириаголник.

Четворката во еден момент дури и била видена како позира заедно за селфи.

Сиена и Том биле заедно од 2011 до 2015 година и имаат 9-годишна ќерка Марлоу Стариџ. Во минатото, британско-американската убавица отворено зборувала за својата неконвенционална врска со актерот. Признала дека сè уште се сакаат како пријатели.

„Супер е за нашата ќерка тоа што има двајца родители кои се сакаат и кои се пријатели. Тој дефинитивно е мојот најдобар пријател“, рекла таа за Том.

Иако Алекса и Том ја немаат јавно коментирано природата на нивната врска, ова е вторпат да бидат забележани заедно. Минатиот викенд уживале на фестивалот Гластонбери.

Во неа гледа како во Господ! Актерката „улови“ 15 години помлад убавец, а тој буквално не ги тргна рацете од неа (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.