Здравко Чолиќ се потсети на немил настан: „Ми вперија пиштол во глава“

Бил нападнат додека излегувал од концерт со својот пријател

Фото: ПР

Годинава која заминува како успешна ќе остане во календарот на пејачот Здравко Чолиќ кој за два месеци во Белград одржа дури шест концерти.

Во една емисија, неодамна тој говорел за многу сегменти од неговиот живот, убави и не толку добри.

Тој се осврнал на една немила случка, кога заедно со негов соработник биле нападнати од непознати лица.

Се сеќавам на еден концерт, требаше да патуваме за Стокхолм и откако завршив заедно со пријателот истрчавме преку излезот за да завршиме порано, а по нас тргнаа тројца мажи со пиштоли.  Ни бараа пари бидејќи некој им кажал дека сите кои ќе излезат на тој излез се менаџери и имаат многу пари. Мислеа дека ние сме менаџерите. Тоа беше одамна. Еден ме удри со пиштол по глава и ми го раскрвави челото. Јас ја симнав капата и му реков: „Па, јас сум Здравко Чолиќ, тој што пееше сега.“ Тогаш едниот од нив рече „Види, навистина Здравко“, па побегнаа, раскажал пејачот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.