Здравко Чолиќ сам и оставен од сите: Не може да поверува што му се случува

„Ова е страшно!“

Фото: ПР

Здравко Чолиќ, и покрај големата слава и состојба на сметката во банката, не помина многу подобро од обичните граѓани во текот на оваа пандемија. Можеби дури и полошо.

Остана сам и изолиран. Буквално е затворен во чеитир ѕида. Земајќи предвид дека популарниот пејач има 68 години, мораше итно да се самоизолира за да се заштити од инфкеција со коронавирусот.

Бидејќи има две ќерки тинејџерки, за да ги заштити нив и себе, пејачот се согласи да се изолира, а бидејќи неговото семејство живее во раскошна вила во Белград, тој се повлече во еден дел резервиран само за него и воопшто не ги гледа децата. Одвреме-навреме се среќава со сопругата Александра, која му носи храна.

Пред појавата на епидемијата, Уна и Лара одеа на училиште, постарата Лара дури и често патуваше и излегуваше, па за да не предизвика несреќа, се држи подалеку од татка си и двете ќерки воопшто не му приоѓаат. Поточно, воопшто не го гледаат“, објаснува извор за „Скандал“, и додава:

 

 

View this post on Instagram

 

#Mostar #zdravkočolić #BiH #čola #koncert #OnoMaloSreće

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravkocolicofficial) on

Мора да помине минимум еден месец за да бидат сигурни дека Лара и Уна се здрави, т.е. дека не се инфицирани со коронавирусот и тогаш без ризик ќе можат да бидат со татка си. Меѓутоа, на Чола му е тешко. Врзан е за нив, сака времето да го поминува со ќерките, некогаш шетаат заедно, често ги носи на ручек, но сега тоа е невозможно. Затоа и’ кажа на сопругата: ‘Што доживеав, од сопствените деца да се кријам во сопствената куќа. Ова е страшно!’ И тој им недостасува на Лара и Уна, но бидејќи се свесни за опасноста на вирусот, особено за повозрасните граѓани, одлучија да бидат трпеливи. Дури и го тешат преку видеоповиците и му велат: ‘Не плачи, татичко, само чувај се! Ова брзо ќе помине!’ И имаат право, лесно ќе уживаат кога ќе помине сето ова и кога нема да постои толкав ризик“, заклучува изворот на „Сандал“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.