Ѕирнете во новиот број на „Убавина и здравје“: Нови прегратки

Писмо на уредничката

Нема да се осврнувам на новонастанатата ситуација на начинот на кој се зборува во медиумите секојдневно. На сите ни се добропознати ризиците, мерките за заштита, бројките за кои секојдневно известуваат медиумите, како и сите нови факти и сознанија, кои секојдневно испливуваат. Во такви услови функционираме сите, на некој нов и поинаков начин. Во такви услови и ние го создававме и овој априлски број на вашиот омилен магазин, кој бил и ќе остане синоним за убавина, за здравје, за инспиративни приказни и за убаво поминато време кога сте сами со себе.

Се одлучивме за насловна страница што на креативен начин ја прикажува нашата нова реалност. Физичката дистанца е она што ни паѓа најтешко. Ни недостигаат драгите луѓе, пријателите, допирите, кои се основен и универзален начин на човекова комуникација. Од раѓање, прегратката ја препознаваме како најутешна, најљубовна, најтопла од сите искажани зборови. Но ќе има време за вистински прегратки.

Дотогаш, целата утеха и љубов ќе ги искажуваме со зборови. А тоа е наша специјалност.

Посакавме со овој број да ви понудиме убави страници, покрај кои ќе ви биде пријатно. Посакавме да ни послужат за пример и да нѐ инспирираат докторките и медицинските сестри, како и сиот останат медицински персонал (стр. 10). Посакавме да ви обезбедиме вистински искуства: кога си позитивен на инфекцијата, кога си во државен карантин, кога си заглавен во жариштето на заразата… (стр. 14).

Советите за нега во домашни услови се наша вечна тема, но овој пат ни е најпотребна од кога и да е, па затоа целиот сегмент Убавина ѝ го посветивме на неа (стр. 31). Ве поттикнуваме да пешачите секогаш кога можете, макар морале да чекорите во домот, затоа што придобивките не се само за телото туку и за духот (стр. 58). Иако најсподелувани шеги се оние за добивањето килограми во оваа ситуација, можеби ова е шансата за целосна трансформација на телото! Па, сега барем имаме довооолно време за тоа (стр. 62).

Велат дека во затворен простор доаѓа до почести расправии и недоразбирања помеѓу двојките, затоа сакавме да побараме добри совети за сите нас.

Што кога би се потсетиле дека двојката е заедно во ова, „вие сте тим“ – велат стручњаците, па да преминеме на иста страна (стр. 68). Всушност „љубовта е посилна од се“! Ако ја загубивте вербата во оваа парола, одете веднаш на стр.74!

Приказните на познатите од самоизолација и советите за поквалитетно време минато дома ги одбравме за најдобра завршница на априлското издание. Работевме во тешки услови, како и сите други, а на сите наши поддржувачи и клиенти што се храбри и доследни, како и ние, да бидат секогаш тука за вас им велиме посебно – БЛАГОДАРАМ!

Ве прегрнуваме силно! Кога ги читам овие зборови, за миг ја чувствувам прегратката како вистинска. Можеби затоа што е испратена со таква мисла…? Пробајте и вие!

Испратете вербална прегратка, замислете си како ја прегрнувате силно драгата личност, кажете ѝ или напишете ѝ со таква мисла, нека прочита и слушне и нека замижи за миг… Функционира? Ако не, пробајте повторно, можеби ќе успее некој нареден пат.

Не се откажуваме од прегратките – никогаш!

Само ги одложуваме, додека е потребно.

 

 

View this post on Instagram

 

Вие не’ баравте – ние одговоривме!🤗 Новиот број на #убавинаиздравје е во продажба! И во вакви услови вашиот омилен магазин останува синоним за #убавина, за #здравје, за #инспиративниприказни и за убаво поминато време кога сте сами со себе. Макар и поради полициски час! Работевме со љубов, внимателно одбравме теми кои не ја заобиколуваат нашата нова реалност и на креативен начин порачуваме: Почитувајте ја физичката дистанца!🙋‍♀️🙋‍♂️ „Не се откажуваме од прегратките, само ги одложуваме додека е потребно“!👊❤️ „УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ“/АПРИЛ/бр. 139

A post shared by Jovana Stojmenovic (@jovana_na_na_na) on

Јована Стојменовиќ

Главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.