Веста дека кралот Чарлс починал ја потресе планетата: Итно се огласи амбасадата – еве што се случува!

Дали кралот Чарлс починал?

Откако руските медиуми ја пренесоа веста дека кралот Чарлс починал, настана хаос меѓу британската јавност

Британската амбасада на Украина беше принудена да даде официјална изјава со која потврдува дека кралот Чарлс Трети сè уште е жив, откако руските медиуми објавија дека починал.

Многу руски новинарски сајтови и нивните поврзани налози на социјалните мрежи вчера известуваа дека кралот починал на 75 години како последица од компликации со ракот, повикувајќи се на неименувани медиумски извори и необјаснива низа објави.

Како слика се појави, очигледно, лажна изјава од Бакингемската палата, во која се известува за неочекуваната смрт на Чарлс, која кружеше на социјалните мрежи.

„Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, почина на 75 години, според извештаите на медиумите“, пренесе рускиот „Спутник“.

„Нема таква информација на сајтот на кралското семејство или во британските медиуми“.

Неколку минути подоцна, нивните приказни беа ажурирани откако биле принудени да ги отстранат по извештајот дека кралот, всушност, не е мртов.

Британската амбасада во Киев сподели ненадејно известување на социјалните мрежи, кое гласи:

„Сакаме да ве известиме дека веста за смртта на кралот Чарлс Трети е лажна.“

Прогнозите на познат руски астролог за кралот Чарлс се ужасни: Допрва го очекуваат морничави работи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.