Весна Змијанац по операцијата растура од пеење, а од бакшиш не може да го држи ниту микрофонот (ФОТО)

Таа собира, туку кој дава?

Секое лошо за арно да е…

На почетокот од годинава, во март, Весна Змијанац мораше да замине на операција во Клиничкиот центар Србија. Но неколку месеци од тешката операција целосно се опорави, па неодамна се врати на својата примарна работа, а секако тоа е пеењето.

Неодамна Змијанац имаше свој настап во една од најпознатите белградски кафани, а на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека пејачката добила голема количина на бакшиш.

Гостите на цел глас ги пееја нејзините хитови, а дека атмосферата била на врвно ниво говори и фактот што сите фрлале пари кон пејачката.

Vesna Zminajac

Во еден момент, на микрофон, Змијанац им се заблагодарила што ја придружуваат на секоја една песна, но и им признала дека и фалеле ваквите настапи. Иако не е позната точната сума која Весна Змијанац ја заработи како бакшиш на тој настап повеќе од очигледно е дека се работи за многу пари.

На крајот од настапот Змијанац рече:

„Пеењето е то што ме излечи. Се водев по тоа дека, ако можам вака да пеам, значи сум добро. Песната не ме заморува, туку седењето дома“.

Vesna Zminajac

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.