„Твој од првиот момент кога те видов“: Џон Траволта се опрости од Оливија Њутн-Џон

Животот на познатите

Australian singer and actress Olivia Newton-John and American actor John Travolta as they appear in the Paramount film 'Grease', 1978. (Photo by Paramount Pictures/Fotos International/Getty Images)

Џон Траволта синоќа на Инстаграм се опрости од познатата Оливија Њутн-Џон, која утрово почина во својот дом во Јужна Калифорнија, со која глумеше во култниот филм „Брилијантин“.

Тие беа и останаа едни од најпознатите филмски парови на сите времиња.

„Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на пат и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој, од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон!“, напиша Џон Траволта покрај фотографијата до Оливија.

Многумина испратија пораки со поддршка до семејството на актерката на неговиот профил, нагласувајќи колку ги растажила веста за нејзината смрт. Се огласи и водителот Марио Лопез.

Во 1978 година, Оливија и Траволта глумеа во познатиот „Брилијантин“ во режија на Рандал Клајзер. Таа беше Сенди Олсон, а тој Дени Зуко. Филмот постави стандарди на многу полиња, а донесе и бројни култни сцени и реплики кои публиката сè уште не ги заборава, додека помладите генерации со задоволство го гледаат безвременскиот филмски хит од некои минати времиња.

Тажната врска ги обединува Оливија и сопругата на Џон Траволта, Кели Престон, која почина во 2020 година на 58-годишна возраст од истиот тип на рак од кој боледуваше ѕвездата на „Брилијантин“, односно канцер на дојка. Актерот имаше три деца со сопругата, а најстариот син Џет почина во 2009 година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.