Тијана Дапчевиќ со оваа фотографија ја поддржа Нина Бадриќ: „Компир… И, што сега?“(ФОТО)
Да не сееме завист
Тијана Дапчевиќ не ја мрзеше да се врати наназад, до 21 август 2012 година на својот инстаграм-профил само за да ја најде фотографијата на која се гледа како копа нива со компири. И тоа само за да им одговори на завидливите, кои се радуваат што музичарите моментално немаат работа поради мерките за заштита на јавното здравје, и да ја поддржи колешката Нина Бадриќ и на која една жена ѝ понуди да дојде кај неа на нива и да ѝ ги ископа компирите за дневница.
Компири… И, што сега? Не ме мрзеше, ‘скролав’ до 21 август 2012 година, само за да ја најдам оваа фотографија. Ние не правиме уметност затоа што се срамиме да копаме компири или да не ги извалкаме рацете и облеката, туку затоа што тоа го сакаме“, напиша таа и додаде:
Јас музиката не ја сакам, јас ја дишам. Не можам без тоа, во сè и сешто пред сè го слушам звукот. Јас не одев на ниту еден мој концерт со став ‘ајде да го завршиме ова и да си одиме.’ Не дојдов да завршам ништо, туку да почнам забава. Да ја видам секоја ваша реакција, да пееме заедно. Моја работа е да направам да ви биде убаво тие два часа.
Кога ви е убаво, добивам енергија да ја придвижам планетата, така се чувствувам. Важно е да ја почитуваме секоја работа што некој решил да ја прави. Или не, но неговата сегашна состојба го ‘решила’ тоа за него, па тој успева како може сè додека не може да го направи она што го сака.
Никој не ве спречува да свирите музика (што може да се види од она што е во тренд), никој не ве спречува да бидете на телевизија, имате целосно право да правите што сакате… едноставно е срамота да го искористите тоа право за да копате во животот на другите луѓе и да посеете завист и да се радувате на фактот дека некој е без работа поради моменталната состојба“, додаде таа.
Фото: Инстаграм