Ѕирнете во вилата на Силвестер Сталоне (ФОТО)

Во која ги „полнел батериите“

Силвестер Сталоне го продава имотот во Ла Квинта, Калифорнија, за 3,35 милиони долари, околу 1,15 милиони долари помалку од сумата што ја платил пред една деценија, кога го купил имотот.

Вилата е во медитерански и тоскански стил, вклучува четири спални соби и пет бањи. Двокатниот дом, изграден во 2008 година, исто така нуди пространа дневна соба, камен камин, трпезарија со тераса, кујна со дрвени ормани, сала за појадок и винска соба.

Славниот Роки прво го продавал имотот за 4,2 милиони американски долари, во 2014 година, а продаден е неодамна за износ од 3.35 милиони долари.

Aгентот за продажба Риф рекол дека Сталоне и неговото семејство го користеле домот за одмори во пустината, а имотот бил добро одржуван.

Фото: mansionglobal.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.