Подгответе се за неверојатни животни промени: Полната месечина на 3 август ќе има силно влијание врз сите знаци!

Астро-прогноза

Фото: Getty Images

Дознајте што сѐ ви носи овој астро-период

Полната месечина секогаш ни осветлува одредени работи, ни помага да ја пронајдеме вистината и да го прошириме нашиот начин на размислување.

Ако некои работи во вашиот живот се нејасни, полната месечина ќе ви помогне полесно да ги најдете одговорите што ги барате.

Уран, планетата на будење и промени, многу е активно под оваа полна месечина. Уран е владетел на Водолијата, но тој, исто така, во периодот на полна месечина создава квадрат со Сонцето на 90 степени, што носи нестабилност и чувство на губење на тлото под нозете.

Нѐ очекуваат многу промени. Работите околу нас се придвижуваат и поместуваат, поради што се чувствуваме несигурно и нестабилно. Тешко ќе го најдеме патот по кој треба да тргнеме поради мрачното влијание на Уран. Сепак, таа енергија не е присутна за да го наруши нашиот живот, туку за да ни помогне да се ослободиме од работите што не ни користат повеќе или ни носат немир.

Од друга страна, полната месечина ни помага нежно да ѝ се препуштиме на таа енергија и да се ослободиме од некои работи без страв. Сега имате можност да се освестите од што се плашите, од кои мисли, од кои верувања, околност и работи…

Оваа полна месечина бара начин да ви го расчисти патот и да ги претресете вашите верувања, лоши идеи, непријатни околности и искуства. Ќе ви помогне во новиот циклус да влезете прочистени од негативната енергија.

Под оваа енергија на полна месечина во Водолија, важно е да ги оставите работите да се случуваат по својот тек, наместо да го контролирате она што не може да се контролира. Оваа турбулентна енергија на Уран исто така служи за друга цел – будење на енергијата на вашата душа.

Кога нашите очекувања ќе пропаднат, тоа нѐ принудува да ги видиме работите во ново светло и поинакво да се доживееме себеси и светот во кој живееме. Ова може да покрене будење и доаѓање на нови сознанија и мудрости.

Уран нѐ протресува за да нѐ разбуди и да ни покаже некој нов, подобар пат.

Хороскоп и патување: Каков вид на летен одмор е соодветен за вашиот хороскопски знак?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.